8-годишно момче поминува 4.8 км на -9°C за да присуствува на училиште, а неговите услови за живеење ќе ви го скршат срцето
Неодамна, 8-годишно момче од Кина пешачело скоро 4.8 километри до неговото основно училиште Zhuanshanbao во населбата Xinjie во провинцијата Yunnan во Кина. На голем студ од -9°C. За да решава тест. Откако неговото патешествие стана вирално, голем број луѓе почнале да го контактираат училиштето, обидувајќи се да придонесат на било кој начин за да ги подобрат условите за учење за него и за другите ученици.
Fu Heng, директорот на основното училиште, не можел да им верува на сопствените очи. По пристигнувањето, ученикот имал мразулци наместо коса и веѓи, контрастно на неговите црвени образи. Heng го сликал ученикот и така ја започнал оваа луда приказна. Интернетот го нарече “Ice Boy” (Ледено Момче) и набрзо училиштето примило повеќе од $15,000 во донации, 20 опреми за загревање и 144 комплети топла облека.
“Тоа беше првиот ден од нивните завршни тестови,” изјавил Heng. “Тоа утро, температурите паднаа на минус девет степени за околу 30 минути.” Директорот изјавил дека момчето живее многу далеку од училиштето. Исто така истакнал дека момчето го сметаат за “кловнот во класот”, бидејќи постојано наоѓа начини да ги засмева наговите 16 соученици. Невозможно е да се замисли како ова момче одржува позитивен став и покрај тоа што живее во екстремна сиромаштија и поголемиот дел од времето го минува само со својата сестра и баба.
Според Fu, училиштето се обидува да внимава на него и на останатите деца колку што може, обезбедувајќи им појадок, но призна дека училниците не се соодветно загреани поради недостаток на парични средства. Поттикнати од волјата на момчето, луѓето на интернет се надеваат дека тоа ќе може да си создаде подобар живот ако продолжи да го става образованието на прво место.
8-годишниот ученик од Кина, на интернетот стана познат како “Ice Boy” (Ледено Момче)
И додека вие веројатно сте направиле се што сте можеле за да го избегнете тестот на училиште, ова момче го направи токму спротивното
“Леденото Момче” пешачело скоро 4,8 км до неговото основно училиште на студ од -9°C за да не го пропушти својот тест
“Тоа беше првиот ден од нивните финални тестови,” изјавил директорот кој го фотографирал овој ученик
“Тоа утро, температурите паднаа на минус девет степени Целзиусови за околу 30 минути”
Учителот истакнал дека училиштето нема никаква опрема за греење за да им помогне на учениците да се загреат по долгото пешачење
Момчето живее многу далеку од училиштето во едно мало село со неговата сестра и баба
Тоа живее во сиромашни услови, но е сигурно дека неговиот живот ќе стане подобар само ако се школува
Луѓето на интернет беа потресени од патот што го поминува ова момче
Откако фотографиите станаа вирални, училиштето примило повеќе од $15,000 во донации, 20 опреми за греење и 144 комплети топла облека
Извор: boredpanda
Крај