Научно е докажано дека на овој начин можете да израснете среќни деца
Повеќето мајки се обвинуваат за истите “неуспеси”: премногу пилешки прсти, недоволно зеленчук, премногу време кое децата го поминуваат пред екраните итн. Но, што ако ви кажеме дека клучевите за подобрување на родителството немаат врска со ниту една од овие работи? Еве неколку тајни кои ќе ве направат супер-мама:
Одете на работа
Децата ги искористуваат придобивките кога мајките работат: Во една нова студија во која биле вклучени 50.000 возрасни лица од 25 земји, ќерките од мајки кои работеле завршиле повисоко образование. Мајките кои се ориентирани кон кариера, исто така, им прават услуга и на идните снаи, бидејќи нивните синови ќе поминуваат повеќе време со децата и ќе помагаат околу домашните работи, а со тоа ќе ги поддржат и сопругите кои сакаат да работат.
Ставете ги да спијат многу рано
Родителите кои ги ставаат своите деца да спијат со заоѓањето на сонцето не само што имаат значително повеќе време да си посветат на себе, туку исто така имаат деца кои напредуваат. Истражувањата постојано покажуваат дека раното ставање на децата во кревет е корисно за нивниот физички, емоционален и когнитивен развој. Доцното легнување и присуството на родител кога детето заспива имало најсилна негативна поврзаност со спиењето (како што се проблеми со заспивање и будење повеќе пати во текот на ноќта).
Заклучете го телефонот
Постои поврзаност помеѓу родителите кои се зависни од технологија и проблемите со однесувањето кај нивните деца. Родителите кои постојано ги проверуваат телефоните или се чувствуваат изгубени без нив – имаат прекинати односи со нивните деца. Овие прекини доведуваат до тоа децата да се однесуваат агресивно, да плачат без причина и да глумат само за да го привлечат вниманието на родителите.
Трчајте со нив
Истражувањата од Универзитетот во Кембриџ покажале дека активните мајки имаат активни деца од училишна возраст, кои пак имаат подобри здравствени резултати од нивните помалку активни врсници. Науката ја оправдува претпоставката дека сите деца природно се предодредени за физичка активност. Всушност, истражувачите виделе директна, позитивна врска помеѓу физичката активност кај децата и нивните мајки – колку повеќе мајките биле активни, толку биле поактивни и нивните деца.
Крај