На децата им се потребни микроби, а не антибиотици!
За да стекнат имунитет, на децата им се потребни микроби, а не антибиотици. Затоа оставете ги да се извалкаат, да играат во песок, прашина и кал.
Најновите истражувања покажуваат дека премногу чистите хигиенски услови го слабеат имунолошкиот систем и доведуваат до појава на дебелеење и алергии кај децата.
Прекумерната употреба на антибактериски сапуни ги уништува микробите кои се од суштинско значење за зајакнување на имунолошкиот систем во борбата против разни болести.
Сепак треба да се внимава на одржување основна хигиена, како на пример миење на рацете пред јадење или после употреба на тоалетот, но доколку претерате можат да настанат сериозни проблеми.
Помалку чиста средина може да биде дури и корисна за здравјето на децата! На пример, децата кои живеат и растат на фарми или во село, имаат помали шанси да заболат од астма во споредба со децата кои растат во екстремно чиста средина.
Затоа оставајте го вашето дете безбедно да си игра со кучето или нека се валка надвор во песокта – eдноставните нешта можат да направат огромна разлика која ќе придонесе за неговото здравје.
Крај