Ќе се изненадите: На мажите ова не им е привлечно!
Иако жените прават сѐ што е во нивна моќ за да го привлечат спротивниот пол, може да ве изненади кога ќе дознаете дека некои од вашите постапки и однесувања всушност можат да имаат спротивен ефект. Со цел да ја превземете контролата врз ситуацијата и вистински да ги привлечете вистинските момци, прочитајте што е она што не им е привлечно на мажите:
Премногу шминка
Можеби мислите дека пудрата, коректорот, сенката за очи, маскарата, карминот и руменилото прават да изгледате најпривлечно, но вистината е дека премногу шминка не е привлечно за мажите. Всушност, жените имаат тенденција да ја преценуваат количината на шминка која мажите ја сметаат за атрактивна и како резултат на тоа, многу жени завршуваат со премногу шминка на себе. Имајќи го ова на ум, време е да се соочиме со фактот дека помалку е навистина повеќе кога станува збор за улогата на шминката во атрактивноста.
Озборување
Можеби изгледа забавно да ги споделите најновите гласини, скандали и приказни кои ги вклучуваат животите на вашите пријатели, семејството или колегите со вашето момче, но може да ве изненади фактот дека тоа не му е воопшто привлечно. Можеби вашите намери се само да ја продлабочите комуникацијата со него, но ова всушност прави да изгледате како да имате ниска самодоверба. Ако сакате да привлечете мажи, треба да имате на ум дека момците се привлечени кон жени кои се самоуверени, се вреднуваат себеси и не им се потребни озборувања за другите, за себеси да се прикажат во подобро светло.
Немате свој живот
Дури и ако сте во среќна врска која целосно ве исполнува, понекогаш е добро да посветите малку време само на себе. Ова не е правило и не важи за сите, но по правило момците сакаат да имаат простор за дишење од време на време. Сите ние сакаме да се чувствуваме посакувани, но може да биде исцрпувачки кога вашиот партнер бара премногу внимание. Не е воопшто привлечно за мажот ако барате тој да биде со вас 24/7 и ако не можете да најдете начин да се забавувате кога тој не е наоколу.
Премногу сте самоуверени
Самодовербата е квалитет што мажите го сметаат за мошне атрактивен кај жените, но важно е да се разбере дека постои тенка линија помеѓу самодовербата и самоувереноста. Треба да верувате во себе, да бидете горди на вашите достигнувања и да бидете среќни за тоа што имате да го понудите, но исто така треба да имате во предвид дека фалењето и преголемата самоувереност воопшто не се привлечни за мажите. Тајната е во умереноста!
Немате цел или амбиција
Не треба да го имате целиот живот испланирано однапред, но момците не сакаат да бидат со некој што нема никаква цел или насока. Навистина е непривлечно да се слуша некој кој постојано кажува дека е изгубен и дека нема план за тоа како да се најде на вистинскиот пат. Точно е дека мажите понекогаш сакаат да почувствуваат или да им кажете дека имате потреба од нив, но не сакаат постојано да бидете зависни и да барате помош за сѐ, особено ако забележат дека вие сте таа што постојано менува работни позиции и не знае што сака од животот.
Зборувате лошо за бившите
Можеби мислите дека зборувањето лоши работи за вашите бивши пред новиот партнер е добра одлука, но овој вид на негативно однесување всушност прави вие да изгледате лошо. Можеби со тоа само сакате да му ставите до знаење дека нема за што да се грижи кога станува збор за луѓето со кои претходно сте биле, но постојаното критикување не е воопшто привлечно. Затоа, наместо да озборувате и да ги кажувате сите начини на кои погрешиле, оставете го минатото во минатото за да можете да ѝ се посветите на иднината.
Сакате забави и лудување до раните утрински часови
Можеби мислите дека да се излегува нон-стоп и да се лудува до раните утрински часови е вистински начин за да привлечете некој маж, но ваквото однесување всушност може да го одвлече вниманието на некој маж од вас. Повеќето мажи се обидуваат да се држат настрана од девојки кои се присутни на сите забави, бидејќи овие жени имаат тенденција да дејствуваат невнимателно, да прават лоши одлуки и да се ставаат себеси и другите во непријатни и потенцијално штетни ситуации. Мажите секако се заинтересирани за жени кои се самоуверени, кои излегуваат и кои сакаат да се забавуваат, но ставаат линија кај оние кои сакаат да се забавуваат без оглед на околностите.
Се согласувате со сѐ што кажува и прави
Ако сакате да привлечете внимание не треба да се плашите да го кажете своето мислење. Ако се согласувате со сѐ што тој ќе каже или направи за да избегнете конфликт, бидејќи се плашите дека тоа ќе го оттргне од вас, тоа е всушност вашиот недостаток кој ќе го стори токму тоа од што се плашите. На крајот на краиштата, способноста да се изразат вистинските мисли и чувства е она што помага да се зајакне една врска и ви овозможува да се запознаете едни со други на едно подлабоко и поинтимно ниво.
Крај