Најчестите прашања кои родителите ги поставуваат на форумите
Поголемиот дел од новите родители пристапуваат на интернет за да побараат совети. Ова се најпопуларните прашања што родителите ги поставуваат на форумите и за кои сакаат да прочитаат како другите родители се справиле со конкретниот проблем.
Колку треба да и платам на дадилката?
Всушност тука бараат подетални информации околу дадилките. Што сѐ опфаќа работата на дадилката, односно дали покрај грижата за детето треба да се грижи и за домот? Колку изнесува просечната сума на пари која што треба да и се плати на жената која ќе се грижи за детето?
Како да го натерам бебето да спие?
Најпоставуваните прашања и коментари се однесуваат токму на овој проблем.
‘’Се чувствувам како моето дете да ме мрази. Помош!’’; ‘’Не можам да издржам уште една непроспиена ноќ’’; ‘’Зошто постојано се буди во текот на ноќта?’’ – се само дел од коментарите на родителите.
Дали е нормално детето да прави…?
Тука темите се најразновидни и се движат од “Дали е нормално моето бебе да ползи наназад?” до “Дали е нормално моето дете да ја јаде храната на кучето”? И на секое прашање ќе добиете мудар одговор од останатите “поискусни” мајки, што дури ќе ве натера и да се запрашате како нашите мајки преживеале без интернет?
Зошто моето дете не сака да јаде?
И ова е едно од најпоставуваните прашања иако нема конкретен одговор што ќе важи за сите деца и сите случаи. Повеќе околу ова прашање можете да прочитате тука.
Крај