Знаете ли која е најчистата земја во светот?
После прогласувањето на нејзиниот главен град за најзелен европски град во 2016 година, оваа држава неодамна е прогласена за најчиста земја во светот.
Обединетите нации ја прогласија 2017-та година за меѓународна година на одржлив развој на туризмот, а земјата која добила убедливо најмногу бодови во сите категории, се наоѓа во нашето соседство. Сигурно веќе погодувате… Станува збор за Словенија, земја која исполнува 96 од 100 индикатори за одржливост. Некои од нив се грижа за околината, грижа за климатските промени, културна автентичност и др.
“Бидете горди на својата земја и потрудете се секое место во вашата земја да биде гордо и пет години по денешниов ден, така што ќе остане зелено, чисто и автентично за туристите”, изјавил Albert Salman на свечената церемонија на доделувањето награди.
Големото признание е само уште едно од низата признанија за Словенците кои во 2016-та година имале и најзелен европски град – Љубљана. Овој податок ни малку не изненадува со оглед на фактот дека Словенија 60% е покриена со шума, а во словенечкото подрачје има околу 20.000 растителни и животински видови кои се распоредени по 40 природни паркови, резервати, национални паркови (всушност, има само еден национален парк, Триглав, после кој најзначајни се и регионалните паркови Козјанско и Шкоцијанска јама) итн.
Освен тоа, во Словенија прашањето за отпад е одлично решено, на жителите им се достапни јавни велосипеди за користење, автобусите користат природен гас, а во центрите на поголемите градови е забрането возење со автомобил со што е драстично намалена емисијата на штетни гасови.
Извор: miss7.24sata.hr
Крај