Ова е најчудниот лек за инсомнија
Сигурно од најмала возраст знаете дека треба да броите овци кога не можете да заспиете. Но, всушност трикот за да и ставите крај на инсомнијата е во обратната психологија.
Се нарекува парадоксална намера (Paradoxical Intention) и според психолозите сѐ што треба да направите за да заспиете е да се потрудите максимално да останете будни.
Начинот на кој функционира е тоа што наместо нервозно да се обидувате да заспиете (мислејќи дека мора да заспиете веднаш, за да имате 6 или 5 часа сон), треба да се обидете да останете будни колку што можете. Парадоксалната намера не се спротивставува на вознемирената намера (на обидот да се натерате да спиете), туку ја води во спротивната насока (кон принудување да останете будни).
Ако сте скептични, само сетете се кога се обидувавте да останете до доцна да учите за испит или да завршите некој проект за на работа или како се обидувате да ги држите очите отворени додека гледате филм доцна во ноќта. Веројатно се чувствувавте како сонот да владее со вас и бевте немоќни да се борите со него. Сте се присилувале да останете будни, но на крајот сте му се препуштиле на спиењето.
Затоа следниот пат кога вашите мисли ќе лутаат по полноќ, не мачете се толку тешко да заспиете. Наместо тоа, легнете во креветот со намера да останете будни.
Крај