Ова се најчудните јапонски трендови!
Јапонија е несомнено величествено убава земја, има неверојатна античка култура, љубезни луѓе и одлични знаменитости. Сепак, за нас кои не сме азијци, има работи кои ни се крајно чудни. Постојат трендови што навистина не ги разбираме: како нивната зависност да ги прошируваат очите кон екстремни големини или нивната љубов кон различни уреди за тренирање на лицето.
Во прилог погледнете ги овие предмети кои се толку неверојатни што нема да ви се верува дека навистина постојат:
Декора
Лесно можете да добиете претстава за тоа што претставува овој стил, бидејќи неговото име доаѓа од англискиот збор “декорација”. Стилот потекнува од крајот на 90-тите и беше популарен во 2000-тите години, но сега повторно се враќа со обновена енергија.
Шминка е природна, за луѓето кои го следат овој стил да изгледаат повеќе како деца, но најинтересниот дел започнува кога станува збор за додатоците. Тие се светли и ги има во голем број. Поддржувачите на овој стил користат сè: налепници за лице, сјај, разнобојни фластери, шноли и секакви аксесоари за коса, нараквици и ланчиња, разнобојни чорапи – всушност сѐ што може да го прикаже скриеното дете во нив.
Широнури
Зборот “shironuri” всушност значи “обоен во бело”. Стилот на облекување овде не е толку важен – тоа може да биде од традиционална јапонска облека до најмодерните актуелни трендови. Акцентот се става на белата кожа, обоена со производи за убавина или покриена со бели парчиња облека (како на пример ракавици).
Производи за обликување на очите
Еве уште еден луд тренд на листата. Овој производ е дизајниран да направи двоен очен капак и е наменет за оние кои сакаат да изгледаат “европски”, без пластична хирургија.
Форми за цртање на усните
Ова е за дамите кои имаат проблем при нанесување на кармин. Токму овој производ е чекор кон подобра иднина за нив. Овој производ е дел од вистински тренд, иако цртање на поголеми усни со кармин и не е некој тренд кој треба да се следи.
Извор: brightside.me
Крај