Најдобрите природни антибиотици
Зимата е совршено време за бактериите бидејќи тогаш имунитетот ни слабее па лесно доаѓа до разни инфекции како на пример грип и настинка. Во тој случај медицината препорачува користење антибиотици кои имаат своја негативна страна.
Во прилог три природни антибиотици кои нема негативно да влијаат на вашето здравје и имунитет:
Лута пиперка
Cayenne пиперката е важен дел од азиската историја како во кулинарството, така и во традиционалната медицина. Овој многу едноставен зачин со лут, но дискретен вкус може да се комбинира со многу јадења и десерти, а најчесто се користи сув или во прав. Во кинеската медицина cayenne пиперката е ценета како средство против болки.
Масло од оригано
Ова магично масло се добива од ливчињата на ориганото. Освен што неговиот мирис и арома совршено одговараат на бројни јадења, врз основа на многу истражувања, докажано е дека маслото од оригано е моќен борец против инфекции за што заслужна е состојката под назив карвакрол. Многу мала доза од ова масло поседува неверојатни антибактериски својства против дури 25 различни видови бактерии.
Лук
Силната арома и мирис на лукот го прават совршен зачин, но тој има уште многу моќни својства. Лукот е силен, природен антибиотик кој не ги уништува нашите здрави бактерии како што тоа го прават хемиските антибиотици. Лукот го забавува растот на бактериите и успешно ги уништува вирусите и габите и е многу ефикасен како средство против настинка и грип.
Извор: nezavisne.com
Крај