Имајте блескаво чиста облеката со свеж мирис
Перењето на валканата облека е веројатно една од најздодевните домашни работи, но навистина не постои начин да ја заобиколите. Иако денес постојано се измислуваат нови домашни апарати со различни функции за олеснување на овој процес, сепак перењето сѐ уште не е помеѓу омилените домашни работи. Според статистичките податоци, жените трошат околу 17 минути дневно за перење алишта.
Ние споделуваме неколку трикови кои значително може да го намалат времето кое го трошите на сортирање, перење и сушење на алиштата. Овие препораки и совети ќе ви го направат перењето алишта брзо и едноставно.
1. Исчистете ја машината за перење со течност за плакнење на устата.
Машините за перење треба редовно да се дезинфицираат за да можат да функционираат онака како што функционирале на почетокот. Постојат специјални детергенти кои можете да ги купите, но исто така можете да ја искористите и течноста за плакнење на устата – само додадете половина чаша во просторот каде што обично го ставате детергентот во машината за перење и вклучете ја машината. Мувлата, наслагите и штетните бактерии ќе бидат уништени.
2. Ставете аспирин во машината за перење, за совршено бели алишта
Многу луѓе избегнуваат да носат бела облека поради жолтите дамки од пот што често се појавуваат. Ако некогаш сте се плашеле дека можете да ја уништите убавата, бела кошула, тогаш имаме добри вести за вас! Ставете неколку апчиња аспирин во машината за перење и салицилната киселина која ја содржат ќе ги направи вашите алишта блескаво бели. Па, носете ја омилената бела кошула знаејќи дека жолтите дамки од пот се минато!
3. Употребете бебешки шампон за да ја вратите во првобитната состојба облеката што се стеснила.
Ова можеби звучи невообичаено, но бебешкиот шампон или кондиционерот за коса може да ја врати вашата облека во оригиналната големина. Само додадете малку шампон во топла вода и оставете ја облеката 10-15 минути. Потоа, исушете ја со крпа и поставете ја хоризонтално за да се исуши целосно. Кондиционерот ќе го израмни влакното и ќе го врати во оригиналната големина.
4. Не ги сушете алиштата премногу долго!
Многу потешко ќе ја испеглате облеката што се сушела подолго од потребното, бидејќи ткаенината станува отпорна на топлинското влијание. Полесно е да се пегла облека што е влажна. И ако вашата облека и исушена повеќе од потребното, едноставно испрскајте ја со малку вода.
5. Обликувајте топчиња од алуминиумска фолија и ставете ги во машината за перење.
Заборавете на електрицитетот на облеката со помош на алуминиумската фолија. Ставете неколку топчиња со алиштата, во машината за перење за да го апсорбираат електрицитетот.
6. Употребете пена за бричење за да ги отстраните дамките од шминка од облеката.
Понекогаш е невозможно да се ослободите од дамките од шминка. Меѓутоа, за да ја отстраните шминката, можете да ставите пена за бричење на дамките и потоа исперете ја облеката како и вообичаено.
7. Не употребувајте омекнувач кога перете бели алишта.
Искусните домаќинки не препорачуваат додавање на омекнувач кога перете нешто бело, бидејќи не дозволува алиштата да станат што е можно побели. Ако вашата цел е облеката да биде совршено бела, тогаш треба да користите специјален детергент за бели алишта, наместо вашиот вообичаен детергент и омекнувач.
8. Валканите чорапи исперете ги со ладна вода.
Не ги перете чорапите со топла вода, бидејќи поголемиот дел од нечистотијата (како што е потта) е базирана на протеини. Ако нанесете многу жешка температура на таква нечистотија, таа секогаш ќе остане во вашите чорапи. Затоа, без оглед на тоа што повеќето луѓе мислат, најдобро е чорапите да се перат во ладна вода.
9. Отстранете ги тврдокорните дамки со фен за коса.
За да се ослободите од старите дамки како што се оние од трева, земја или сок, можете да ги загреете со фен за коса и да ставите малку детергент на дамката. Потоа ставете ја облеката во машината за перење. Греењето на дамката ќе им помогне на состојките на детергентот да работат поефикасно.
Крај