Ова е најдобро време од денот да аплицирате за работа (и да ја добиете)
Барањето работа на веб порталите доцна во ноќта, конечно се исплати: пронајдовте оглас за работа од вашите соништа? Но, пред да дејстувате брзо и да го испратите вашето резиме и мотивационо писмо до менаџерот за човечки ресурси, имајте во предвид дека постои идеално време од денот кога треба да аплицирате за работа за да успеете да ја добиете – според истражување извршено од TalentWorks.
Да, истражувачите открија дека апликациите примени по 19:30 часот се со најмала веројатност дека ќе резултираат со интервју. Всушност, сите апликации кои пристигнале после 16:00 часот, ретко довеле дури и до повратен повик. Затоа идеалниот момент за испраќање апликација за работа – и добивање одговор – е всушност помеѓу 06:00 и 10:00 часот наутро.
Причина? Поентата е вашето резиме да биде едно од првите работи во дојдовната пошта на лицето задолжено за прием на апликации. Ова има смисла, бидејќи повеќето од нас наутро посветуваат екстра внимание на електронската пошта. И доколку го пропуштите утрото, не грижете се! Сеуште постои една мала зона, според истражувањето, која резултира со одговор на доставената апликација за работа, а тоа е времето околу ручек.
Крај