Најголемите митови за менопаузата
Кога размислуваме за менопауза, најчесто мислиме на топлотни бранови, несоница, нервоза и отсуство на менструалниот циклус. Всушност, има повеќе да се каже и вреди да се одделат вистинитите факти од митовите. Ова се најголемите невистини за менопаузата:
Менопаузата започнува околу 50-тата година
Според Healthline, просечната возрасна жена почнува со менопауза на 51 година, но тоа не е точно за секого. Менопаузата може да започне природно некаде помеѓу доцните 30-ти и раните 60-ти години. Официјално сте во менопауза кога немате циклус цела година. Ако 10 или 11 месеци сте без менструален циклус, а потоа го добиете, сè уште не сте во менопауза (и треба повторно да го започнете пребројувањето). Бидете свесни дека дури и ако имате симптоми, менопаузата може да започне целосно неколку години подоцна.
Топлотните бранови се првиот знак за менопауза
Не, не мора да значи! Иако топлотните бранови се речиси синоним за менопауза, постојат многу други симптоми кои прво може да ги почувствувате. На пример, други симптоми се: замор, зголемување на телесната тежина, раздразливост и возрасни акни. (Значи, во суштина, не чекајте додека не почнете да имате топлотни бранови за да разговарате со вашиот лекар – пријавете ги сите други можни симптоми што ги имате).
Доколку доцна сте го добиле првиот циклус, менопаузата ќе започне подоцна
За жал, за оние кои доцна добиле прва менструација, најчесто спротивното е точно. Ако сте добиле циклус подоцна од просекот, менопауза може да ви започне порано. Тешко е да се предвиди возраста за менопауза, но постојат индиции кои можат да ви помогнат во тоа: кога кај мајката започала менопаузата е најдобриот показател за тоа кога ќе започне и кај вас. Пушењето може да значи порана менопауза додека пиењето алкохол и повеќе бремености укажуваат на подоцнежна менопауза.
Крај