10 најлоши држави за започнување семејство и одгледување деца
Иако постојат многу територии кои не се соодветни за започнување семејство и одгледување деца, има некои кои треба да се избегнат по секоја цена. Постојат многу фактори кои треба да се земат во предвид кога се утврдуваат кои земји се најнепогодни за живеење, вклучувајќи ја и севкупната безбедност, стапката на криминал, здравствените системи и квалитетот на образованието.
Имајќи ги во предвид земјите со најлошиот квалитет на образование, лична безбедност, национална безбедност, здравствени системи, најсиромашните економии и земјите со најлошиот целокупен квалитет на живот според prosperity.com, подолу се наведени 10-те најлоши земји за одгледување семејство.
Централна Африканска Република
Се наоѓа во средината на Африка. Таа е рангирана како земја со најлош здравствен и образовен систем, петти најлош економски систем и е трета најопасна земја. Со сето ова, може слободно да се каже дека Централна Африканска Република е најлошата меѓународна земја за семеен живот.
Чад
Чад е рангирана на 5-то место за најлош севкупен квалитет на живот, има 8-ма најлоша економија, со третиот најлош образовен систем, 23-та најопасна земја и втор најлош здравствен систем. Веројатно нема да дојде како изненадување што Чад граничи токму со Централна Африканска Република. Целата област е особено погодена од истата сиромаштија, насилство и недостаток на економски раст.
Демократска Република Конго
Јужно од Централната Африканска Република се наоѓа Демократската Република Конго. После Ирак ова е најопасната земја во светот. Всушност, насилството и крвопролевањето се нормални во оваа земја. Таа е наведена во првите 20 за најлош образовен и економски систем и има еден од најлошите здравствени системи.
Ирак
Повеќето луѓе се запознаени со несреќните услови што го погодија Ирак. Во моментов е наведена како најопасна земја за живеење и со најлош образовен систем.
Јемен
Земјата што е на врвот на листата за најлош севкупен квалитет на живот е Јемен. Јемен се наоѓа на југ од Саудиска Арабија и е рангирана на 6-то место за најлош образовен систем, број 1 за најлошата економија, 11-та најопасна земја и 21-ва за најлош здравствен систем. Таа е рангирана како втора најлоша земја за севкупен квалитет на живот.
Судан
Судан е уште една африканска земја која се наоѓа јужно од Египет. Таа има 19-ти најлош здравствен систем, 17-та најлоша економија, 6-ти најлош образовен систем во светот и е рангирана како 6-та најопасна земја за живеење.
Нигер
Граничи на североисток со Либија, северозападната африканска држава Нигер има втор најлош образовен систем, 20-та најлоша економија и 14-та најлоша здравствена заштита во светот. Нигер се наоѓа на 25-то место за најопасна земја за живеење.
Авганистан
Авганистан граничи со Иран и имала добар дел од војната и хаосот, па затоа е разбирливо зошто е на листата за најлошите држави за одгледување семејство. Таа се наоѓа на 4-то место за најлош севкупен квалитет на живот.
Либерија
Либерија е помала земја во Западна Африка која се наоѓа на атлантскиот брег. Таа е рангирана како 8-ма најлоша за едукативни трошоци, со само 2,5% од БДП издвоени за образованието. Либерија е 20-та најопасна земја за живеење, има 11-ти најлош образовен систем, 16-та најлоша економија и 4-ти најлош здравствен систем.
Нигерија
Земјата што се наоѓа јужно од Нигер е на последното место на листата. За најлош образовен систем се наоѓа на 32-то место. Иако ова можеби не изгледа лошо во споредба со останатите земји, таа е рангирана како 5-та најопасна земја за живеење, има 8-ми најлош здравствен систем и 19-та најлоша економија.
Извор: womensarticle
Крај