Најпаметната жена во светот: Ќерките треба да го носат мајчиното моминско презиме, а синовите татковото!
Најпаметната жена во светот живее повлечено и во потполна анонимност.
Marilyn vos Savant е родена како Marilyn Mach, но презимето на својот татко не го задржала многу долго. Рано почнала да верува дека треба да се задржат предбрачните презимиња, па така синот би го превзел татковото презиме, а ќерката мајчиното. Така таа постанала Merilyn vos Savant (во превод: експерт), што всушност и ѝ прилега. Таа сепак е жена со највисок коефициент на интелегенција во светот.
На 10 годишна возраст, решавала два тестови за интелегенција. Првиот бил Stanford-Binet тест и вклучувал сет прашања кои ја мерат когнитивната способност според 5 фактори. Другиот бил Мега тест, дизајниран за мерење коефициент на интелегенција над 145.
Според Мега тестот, нејзиниот коефициент на интелегенција изнесувал 186, а според Stanford-Binet тестот изнесувал 228.
По кратка анализа, експертите заклучиле дека ова десетгодишно девојче има ментална способност на 23-годишен човек. По 30 години, во историјата останува запишана како личност со највисок коефициент на интелегенција во светот која долго време го задржала овој рекорд во Гинисовата книга на рекорди, се додека оваа категорија не е укината во 1990 година.
И покрај нејзиниот коефициент на интелегенција, без преседан, нејзиното образование било како и образованието на било која друга личност. Учела во локалното средно училиште и работела во продавницата на татко ѝ. Почнала да студира на факултетот за општествени науки, а потоа се преселила да студира психологија на Универзитетот во Вашингтон, од кој после 2 години се откажала.
Во почетокот на 80-тите, се преселила во Њујорк и почнала да гради кариера во пишување, пишувала и IQ квизови за списанието Omni, пред да добие работа во Parade. Пишувала колумни, а луѓето ѝ испраќале прашања на кои таа би им одговорила. Во 1987 година, се омажила за Robert Jarvik, еден од дизајнерите на вештачкото срце Jarvik-7.
Подоцна, станала шеф на финансии во Jarvik Heart Inc. Во тоа време, таа заедно со својот сопруг, биле познати како најпаметниот пар во Њујорк.
Во текот на наредните години, настанала дискусија за автентичноста на тестовите кои го измериле нејзиниот коефициент на интелегенција, особено поради фактот што тековните верзии на таквите тестови не овозможувале резултати над 170. И самата таа, тврдела дека тоа е малку нејасно подрачје, со оглед на тоа што интелегенцијата повеќе не е така лесно да се измери. Постојат илјадници фактори кои можат да влијаат на менталната способност и интелегенција, но не се сите тестови опремени доволно како би можеле да се соочат со сето тоа.
Таа без сомнеж е една од, ако не и најпаметна личност во светот. Merilyn vos Savant потполно се држела подалеку од било какви рефлектори и останала анонимна, сосем обична жена, колумнистка и авторка која објавила неколку книги.
Извор: stil.kurir.rs
Крај