Дали знаете која е најсолената вода во светот?
Солена вода има насекаде во светот, поточно солените океани покриваат повеќе од две-третини од земјината топка. Типичната солена вода која ја има во океаните содржи околу 3.5% сол по тежина. Но, во некои области откриена е природна солена вода која е далеку посолена. Најсолената вода која е откриена досега е 12 пати посолена од обичната морска вода.
Гаетали (Gaet’ale) е езерце во Етиопија кое моментално го има рекордот за најсолена водена маса на Земјата. Водата во ова езерце е 43.3% растворена тврда материја по тежина – од што повеќето е сол. Ваквиот тип на вода е наречена хипер-солен раствор поради екстремно големата концентрација на сол.
Во видеото што следува, Професорот Мартин Полиакоф (Martyn Poliakoff) го објаснува овој природен феномен – зошто езерцето е толку солено, како температурата на водата влијае врз соленоста, па дури и зошто оваа солена вода има жолтеникава нијанса.
Уживајте:
Крај