Ова се најсреќните градови во светот
Што значи да се биде среќен? Некои велат да се има цел во животот или финансиска сигурност, додека други веруваат дека среќа е да се биде духовно исполнет. Како и да се дефинира, постојат одредени градови низ светот кои се чини дека имаат подобра идеја од останатите.
Ова се 10-те најсреќни градови што секој треба да ги посети:
Окленд, Нов Зеланд
Ова е најголемиот град во Нов Зеланд и има доволно среќа да одговара на неговата големина. Со раздвижениот градски пејсаж, просперитетната економија, одличниот образовен систем, спокојните песочни плажи и зеленило, навистина не е изненадување што жителите се исклучително задоволни од животот тука.
Копенхаген, Данска
“Hygge”, дански збор што значи смиреност, интимност и топлина, неодамна почна да биде во тренд со данскиот начин на живот. Копенхаген е полн со градски плажи, паркови, велосипедски патеки и извонредна храна. Омилена дестинација е поради своите среќни вибрации и пријатни луѓе.
Сиднеј, Австралија
Пријатните временски услови на овој град, излегувањата и пријатните локални жители го прават еден од најмалку стресните градови во светот – барем според истражувањата. Меѓународните патници, исто така, сметаат дека е едно од најпријателските места за посета.
Барселона, Шпанија
Класичен медитерански град – прекрасно време, плажи, вкусна храна, култура и релаксиран животен стил. Има исто така, поволни услови за домување и многу деловни можности. Има многу да се направи и луѓе кои навистина знаат да се забавуваат додека го прават тоа. Барселона знае како вистински да живее.
Монтереј, Мексико
Монтереј е прекрасен град во Мексико, познат по силните врски и духовните вредности. За разлика од многу други градови низ светот, професионалниот живот тука не секогаш се смета за најважна работа. Па логично е дека луѓето се ослободени од стрес кога за нив највисока вредност имаат религијата, семејство и општествениот живот.
Амстердам, Холандија
Исто како и Данска, Холандија е рангирана високо помеѓу најсреќните места – со тоа што Амстердам игра голема улога во ова рангирање. Истражувачите веруваат дека рамнотежата помеѓу работата и приватниот животот, активниот начин на живот и холандскиот начин на размислување го прават ова место толку среќно. Тие се отворени, здрави, пријателски и слободни. Што повеќе би можеле да посакате?
Сингапур
Сингапур често се споменува како најсреќен град во Азија. Тоа е исклучително сигурно место, што доведува до силен мир на умот кој е потребен за да се биде вистински среќен. Со лидерство кое има конфучијански начин на размислување, луѓето се создадени да живеат живот со вредности.
Берген, Норвешка
Берген е весел град и покрај тоа што е познат по дождод – со шарени дрвени куќи кои се претворени во продавници, кафулиња и барови и начин на размислување каде што секој ден е авантура. Во фокусот се семејството, пријателството, храната и културното наследството. Норвешка, како целина, се вели дека е земја исполнета со среќни луѓе.
Рио де Жанеиро, Бразил
Овој бразилски град е зачудувачки со своите прекрасни глетки и плажи како од соништата. Не е изненадувачки што е рангиран високо во листата со среќни градови, заради својата култура, природните атракции и топлите луѓе. Градот е поврзан со добар хумор и добро живеење – што се неопходни за среќа.
Кох Самуи, Тајланд
Тајланд се нарекува “земјата на насмевките” – не само поради тоа што посетителите ја сакаат, туку и благодарение на жителите кои прават да се чувствувате добредојдени. Кох Самуи оправдано се наоѓа на оваа листа, со квалитетот на живот и просперитетот кој е во постојан пораст. Посетителите се привлечени од прекрасните плажи, водопадите, опкружувачката култура и фасцинантните луѓе. Среќата е заразна на овој остров.
Крај