Зошто најтешка “работна позиција” во Македонија е да бидеш СНАА
По социјалните медиуми се шири бескрајно духовит, но точен опис што значи да бидеш снаа…
“Изгледа дека најтешка “работна позиција” во Македонија е да бидеш снаа.”
Очигледно, еден од најтешките облици на постоењето на Земјата е да се биде СНАА.
Некои снаи завземаат став уште од самиот почеток и никој не смее да им се меша во животот, но има и такви кои сакаат на сите да им се допаднат.
Колку и да се трудиш да им се допаднеш на другите, порано или подоцна ќе ти дојде сѐ преку глава. Бидејќи ако си слаба – зошто си слаба, ако си дебела – зошто си дебела, ако си необразована – зошто не си учела, ако сепак си учела – твоја работа!
Ако си убава – не чини, ако си запоставена – повторно не си нешто нормална. Ако ти е домот среден – би можел да биди уште посреден, ако не е – неспособна си.
Децата обично не ги доиш како што треба, не ги облекуваш, не ги храниш и не ги воспитуваш. Ако не сакаш да правиш зимница – не чини, а ако сепак правиш – не се прави тоа така.
Ако правиш колачи – можат подобро да се направат, а ако нарачуваш готови – како не ти е срам!
Нејзиниот СИН над СИНОВИТЕ, и онака никој не може да го сака како неа, па затоа – залудно се трудиш!
Извор: stil.kurir.rs
Крај