Највкусните мафини од само 3 состојки
Чоколадните десерти им се омилени на многу од нас, особено кога со само малку труд и без никакви кулинарски способности ќе направите вистинско ремек дело. Овие чоколадни мафини од 3 состојки ќе можат да ги направат и вашите деца, а се навистина вкусни!
Состојки:
– 3 банани
– 3 јајца
– чоколаден микс за торта
Подготовка:
1. Во длабок сад во кој сте го ставиле чоколадниот микс за торта, додадете ги претходно изгмечените банани и јацата и измешајте со миксер додека смесата не се соедини.
2. Калапот за мафини премачкајте го со масло и рамномерно распоредете ја смесата.
3. Печете 16-18 минути на 180 степени.
Крај