Намаз од карфиол
Состојки:
600 гр свеж карфиол (исчистен и исечен на цветови)
2 чешниња лук
2 лажици таан
200 мл маслиново масло
60 мл сок од лимон
60 мл топла вода
½ лажичка куркума
по желба мелен бибер
по желба црвен пипер
Подготовка:
1. Во тава за печење ставете го карфиолот, наросете го со куркума и полијте со маслиново масло. Печете 25 минути во претходно загреана рерна на 200 °C. Откако карфиолот ќе омекне, тргнете го настрана и оставете го да се излади на собна температура.
2. Изладениот карфиол ставете го во блендер заедно со останатите состојки и мешајте додека не се добие хомогена смеса.
Крај