Направете панакота како професионалец!
Состојки:
500 мл. слатка павлака
500 мл. млеко
30 гр. шеќер во прав
1 стапче ванила
2 пакетчиња желатин
50 мл. вода
Подготовка:
1. Во сад се ставаат 50 мл. ладна вода и 2 пакетчиња желатин и се оставаат 10-тина минути.
2. Во тенџере на тивок оган се става слатката павлака и кога добро ќе се загрее се додава млекото, шеќерот во прав и ванилата и се меша постојано додека смесата не се доведе до точка пред вриење.
3. Се трга од оган и се додава желатинот со постојано мешање.
4. Смесата се распоредува во модли и се остава 1 час на собна температура а потоа се става во фрижидер. Најдобро е да отстои во фрижидер 6-8 часа.
5. Пред сервирање модлите се ставаат неколку секунди во топла вода за полесно сервирање на панакотата.
* Панакотата може да се сервира со свежо овошје или овошно пире по желба.
Крај