Како да направите домашна паста за депилација
Редовната посета на козметичкиот салон може да ве чини многу пари, па затоа ви претставуваме рецепт за природна паста за депилација, која можете да ја подготвите за само 2 минути.
Потребни состојки:
- 1 шолја шеќер
- ¼ шолја мед
- Половина лимон
- Стапче за сладолед
- Памучни ленти
- Густин (пченкарен шеќер)
Како се подготвува пастата за депилација:
Измешајте ги сите состојки во еден сад и загревајте ги во микробранова печка на највисока температура и притоа промешувајте на секои 30 секунди. Смесата загревајте ја околу 2 минути. Кога состојките ќе се стопат и спојат, оставете ги да оладат малку, а потоа смесата претурете ја во плиток стаклен сад. Оставете ја потполно да се олади до собна температура, а потоа можете да почнете со употреба.
Пред самата употреба, кожата треба да биде чиста и сува па затоа измијте се со сапун и исушете ја кожата со крпа со цел да ги отстраните сите траги од мрснотија на кожата. После тоа на кожата нанесете пченкарен шеќер во многу тенок слој, а вишокот отстранете го со дланките. Така ќе го отстраните вишокот маснотии, ќе ја заштитите кожата, а потоа полесно ќе го исчистите остатокот од восок.
Со стапчето за сладолед нанесете тенок слој од смесата во насока на растот на влакната и прекријте го со памучна лента. Притиснете ја лентата да се залепи на смесата со движења во насока на растот на влакната. Оставете ја да отстои околу 1 минута, а потоа со брзи движења повлечете ја спротивно од растот на влакната. Постапката можете да ја повторите неколку пати, додека не ги отстраните сите несакани влакна.
Крај