Секојдневни навики поради кои изгледате 10 години постари
Тајната на здравјето и младоста е позната на сите. А правилната исхрана и спортот секогаш се непогрешлив избор. Сепак, состојбата на вашата кожа не само што открива дали водите здрав или нездрав начин на живот, туку кажува и за ‘’бесопасните’’ навики кои со тек на време и тоа како имаат негативно влијание на вашата кожа.
Спиете свртени на стомак
Кога спиете на стомакот, вашата глава е свртена настрана. Тоа доведува до напнатост во мускулите на вратот и рамената, како и влошување на снабдувањето со крв во вашиот мозок. Темните кругови под очите и отекувањето на лицето се непријатни последици од таквата позиција. Обидете се да спиете на грб или на страна, но не постојано – истата позиција може да го промени обликот на лицето.
Особено важно за кожата е и изборот на вистинска перница. Ако спиете на многу висока перница, се прекинува протокот на крв и тоа ви дава дополнителни брчки на вратот.
Не носите очила за сонце
Правилната заштита од сонце е тајната за здрава кожа. Покрај тоа, кожата околу очите е многу тенка и затоа лесно се добиваат брчки кога сонцето ќе ви светне во очи. По правило секогаш носете очила за сонце за време на сончеви денови, па дури и во зима.
Неправилно го држите телефонот кога зборувате
Со држење на телефонот помеѓу увото и рамото предизвикувате брчки на вратот. Ако често зборувате на телефон, користете слушалки или едноставно вклучете го звучникот.
Често употребувате телефон или таблет
Сите ние обично ги држиме телефоните на растојание па со главата гледаме надолу, а тоа може да предизвика испуштање на кожата околу брадата и вратот и појава на брчки. Обидете се да не ја држите главата надолу цело време кога пишувате пораки или кога читате вести на вашиот телефон / таблет.
Ја потпирате брадата на раката
Кога седите пред компјутерот или кога читате, немојте да ја потпирате брадата на вашата рака или обидете се тоа да го правите поретко. Кожата на лицето станува помалку еластична во таква положба и почнуваат да се појавуваат предвремени брчки.
Користите клима уред
Климатизерите го сушат воздухот и како резултат на тоа кожата станува посува и склона на оштетување. Затоа не заборавајте добро да ја негувате и не потпирајте се секогаш на овие уреди.
Извор: brightside
Крај