Не е лесно да се напушти насилен партнер и да се излезе од таква врска
Кога размислувате за луѓе кои остануваат во физички или психички насилна врска, вашата реакција е: Зошто едноставно не заминат? Но, вистината е дека е многу полесно да се каже отколку да се направи. Исто така, важно е да се напомене дека изборот на некој што избрал да остане не значи дека го дефинира него како лиќност. Не е важно дали тој или таа е образован или не, “тежок” или деликатен, богат или без пари – секој може да биде жртва, а ситуацијата ретко кога е јасна.
За подобро да се разбере зошто е толку тешко да се остави насилен партнер, треба да се разгледаат петте најчести причини зошто жртвите остануваат.
Вложиле многу повеќе во врската
Често приврзаноста што некој ја има кон својот насилен партнер е посилна отколку во нормална врска, бидејќи тие толку многу вложиле во врската за да ја вратат како на почетокот. И нивната претпоставка е дека ако продолжат да работат понапорно на врската, работите ќе се подобрат и ќе се вратат како што биле на почетоко кога се било во ред. Токму ова, задржува многу жени во еден вид на токсично динамично размислување: “Ако го направам ова како што треба или ако го кажам ова на овој начин или ако му го дадам ова, тогаш тој повторно ќе ме сака, пак ќе биде љубезен и работите ќе се средат”.
Насилството започнува постепено
Насилството не започнува одеднаш. Агресијата и контролата се случуваат постепено со текот на времето и честопати вистинските злоупотреби не се појавуваат се додека не сте прилично посветени во врската и злоупотребувачот знае дека ве има и дека најверојатно нема да одите никаде.
Заглавени сте
Ако партнерите премногу вложиле во врската преку бракот, финансиите или децата, не е толку лесно да заминете. И се разбира, кога ќе се вклучат децата, многу жени се плашат да си заминат затоа што не сакаат да ги остават децата сами со насилниот партнер или немаат финансиски ресурси за да се борат и се плашат дека ќе ги загубат децата засекогаш. Многу насилници делуваат застрашувачки и страшно е да ги одминете.
Тешко е да се гледа ситуацијата јасно
Кога влегуваме во врска, ја гледаме личноста на еден начин. Тие ни го презентираат најдобриот дел од себе, па навистина почнуваме да се вљубуваме во таа слика и се придружуваме кон таа слика. Но, со текот на времето, како што се појавуваат повеќе однесувања кои одат против таа слика или се спротивни на таа слика, тоа навистина нема смисла. Многу пати во насилна врска, лицето поминало премногу време трудејќи се да ги врати тие слики за врската што мислело дека ќе ја има со партнерот и толку се задлабочило во тоа, што не може да види јасно дека тоа не е реалноста, туку само некој приказ.
Жртвата сака да помага и се грижи за другите
Ако станува збор за личност која е одговорна, сочувствителна и некој кој постојано сака да ги спаси и да им помогне на другите – треба многу да внимава и да се заштити себеси за да не стане плен на некој насилен партнер.
Без разлика на околностите, постојат начини да му помогнете на партнерот и надвор од таа врска која вас ве повредува. Дајте му до знаење дека сте тука за него, но останувањето не е единствената опција. Тој може да ја прифати вашата помош или не, но најважно е вие да сте заштитени од насилни ситуации.
Злоупотребата никогаш не е во ред! Ако вие или некој што го знаете е во опасност, пријавете насилство.
Крај