Експертите откриваат: Не е сеедно дали ја миете косата наутро или навечер!
Ако ја миете косата пред спиење, веројатно сте забележале дека наутро таа изгледа помрсна…
Експертите откриваат како влијае миењето на косата навечер пред спиење и која е разликата во однос на миењето наутро откако ќе се разбудите. Исто така советуваат што треба да направите за таа да изгледа побујна и поубава.
Ако ја миете косата пред спиење, веројатно сте забележале дека наутро таа изгледа помрсна. Експертите тврдат дека косата не е мрсна, туку дека само така изгледа. Тоа е така бидејќи додека спиете косата е притисната на перницата, а ако е само малку влажна, се сплеснува.
Всушност, тогаш поради недостаток на волумен таа изгледа помрсна. Уште една причина поради која е подобро да не ја миете косата пред спиење е тоа што влажното влакно е поосетливо од сувото. Во текот на ноќта косата се трие од перницата и се плетка, па поголема е шансата за појава на испукани врвови.
Ако сепак немате време наутро или едноставно сте навикнати да ја миете косата пред спиење, тогаш внимавајте на неколку работи:
- Користете благ шампон
- Не користете тешки регенератори
- Нежно исчешлајте ја косата после миење
- Спијте на свилена или сатенска перница
Извор: stil.kurir.rs
Крај