Не ги воспитувајте туѓите деца!
Никогаш не им кажувајте на другите родители како да ги воспитуваат своите деца и никогаш немојте вие да глумите родител и да советувате и казнувате туѓо дете.
Тешко е да се воздржите кога ќе видите дека друго дете го малтретира вашето, особено кога станува збор за другарче од вашиот син или ќерка.
Педагозите советуваат две работи кога станува збор за туѓите деца: прво никогаш немојте да им наметнувате ваши мислења на другите родители и второ никогаш немојте да дисциплинирате туѓо дете.
Тоа сепак не значи дека не можете да го заштитите вашето дете. Кога станува збор за деца до 3 годишна возраст, природно е да сакаат да ги истражуваат границите со околината и врсниците, па секако воздржете се кога ќе посакате да го казните детето што го удрило вашето дете. Ако го направите тоа, верувајте дека ќе настане проблем. Иако станува збор за мали деца тие се доволно свесни и од инает ќе продолжат да го прават тоа што гледаат дека вас ве нервира. Па, наместо бурно да реагирате подоцна, внимавајте на децата додека играат и спречете го проблемот уште пред да се појави. Ако забележите дека децата се лутат и само што не започнале конфликт, прекинете ги со тоа што ќе им го оттргнете вниманието играјќи гласно со некоја играчка или пеејќи песна. Кога туѓото дете ќе направи нешто убаво, пофалете го – бидејќи тие така учат.
Исто така можете да предложите “немирното друштво” да игра на друго место. Малите деца се повеќе склони на агресивности во мали простории, па затоа преместете ги надвор – во парк или игралиште.
Крај