Никогаш не ја истурајте водата од тестенините во мијалникот!
Ако и вие откако ќе ги сварите тестенините, ја цедите водата и ја фрлате во мијалникот, фрлате далеку непроценлива течност која готвачите ја нарекуваат ”течно злато”.
Бидејќи тестенините се направени од брашно, ослободувааат скроб во водата додека се варат, создавајќи бела, заматена течност што често ја сметаме за “валкана” и веднаш ја фрламе во мијалникот. Но, ова е голема грешка!
И сигурно ќе се запрашате зошто би ја задржале таа матна течност? – Бидејќи таа ќе помогне да се соедини и згусне вашиот сос.
Премногу често, чинијата со шпагети е опкружена со водена, црвена течност (од сосот). Оваа течност се појавува кога водата и маслото од тестенините и сосот се одделуваат едни од други.
Скробот од водата во која се вареле тестенините е емулгирачки агенс и исто така згуснувач. Значи, ако сочувате дел од водата и потоа додадете во сосот, таа ќе ги поврзе течностите и маслото, создавајќи хомогена и густа смеса што нема да направи хаос во вашата чинија со тестенини.
Извор: huffingtonpost
Крај