Извинете, но едноставно не можете да се избришете од интернет мрежата
Нашите податоци постојано се прибираат и за жал, многу од нас не знаат кои податоци всушност се следат и како се искористуваат.
Експертите за сајбер-безбедност истакнуваат дека ослободувањето од стегите на големите технолошки компании е малку покомплицирано од едноставно бришење на вашите профили на социјалните медиуми.
Доколку повеќе не сте дел од социјалните медиуми немојте да сметате дека сте и надвор од “мрежата на податоци”.
Нашето општество има создадено толку многу интернет портали каде што вашето име може да биде поврзано со разни активности од вашиот живот.
За жал, живееме во ера каде сѐ што поседувате, сѐ што ќе допрете или со кое остварувате комуникација е складирано во некој вид база на податоци и во било кој момент, овие информации можат да бидат искористени, споделени и разменети. Секако тоа зависи од условите на користење на овие провајдери, но историски гледано, постои висока стапка на изложување на информации секојдневно, особено на јавни записи.
Затоа, немањето профил на социјалните медиуми нема да ви помогне да останете надвор од оваа “мрежа на податоци”.
Бесплатни апликации… И тие имаат своја цена, нели? Дури и Gmail е бесплатна корисничка сметка, но ако погледнете во политиката и условите на користење што сѐ тие можат да следат во вашата сметка, тогаш ќе сфатите дека е навистина скапа, и ќе бидете многу изненадени како тие можат да создадат профил за вас и да ве таргетираат.
Мобилните апликации… Тие се бесплатни, многу од нив се бесплатни, но нивната цена всушност е фактот што вие им давате пристап до вашите податоци, вклучувајќи ја и вашата локација. Во некои случаи тоа може да биде и пристап до вашите контакти, па дури и до целиот телефонски именик. Некои апликации навистина го превземаат целиот ваш телефонски именик.
Само затоа што имате податоци, не значи и дека ќе можете брзо да ги поврзете. Google можеби располага со најмногу податоци, но нивното поврзување т.е. крајното поврзување на податоците со информации е она што е потребно да се реализира во позадина. А тоа не е баш лесно, нели? Па за Google, како провајдер од разни платформи, веројатно и не е.
Но, тоа не е случај и за Facebook каде пак се изложуваат и информации, а не само податоци. Колку за споредба, тоа е како да сте на забава со 2000 луѓе и никој да не познавате, или како да сте на забава со 30 луѓе и да имате многу добро познавање за секој од нив.
Крај