Не претерувајте со кремите за сончање кај децата!
Според најновите истражувања се проценува дека речиси 50% од препаратите за сончање се опасни. За тоа највиновни се две опасни состојки – оксибензон и ретинол палмитат. Овие состојки треба да се избегнуваат и доколку препаратот ги содржи мора да бидат наведени на декларацијата.
Дефинитивно, би требало да се избегнуваат многу повеќе состојки а не само овие две, бидејќи кога се нанесуваат на кожата тие се апсорбираат во телото.
Затоа најдобро е луѓето да не нанесуваат креми за сончање на целото тело, туку само на оние делови кои се изложени на сонце. Најдобро е да се носи заштитна облека бидејќи така најдобро ќе се заштитите од сончевите зраци. Ова особено важи за малите децата и е сосема погрешно обилно да им нанесувате креми за сончање.
Треба да се напомене дека сонцето не е штетно само во летниот период, туку во текот на целата година.
Најосетливи на сончевите зраци се бебињата и тие никако не треба да се изложуваат бидејќи нивната кожа не е доволно развиена за да се бори против сонцето. Родителите се советуваат да одат на плажа со децата рано наутро или доцна попладнето. Децата треба да носат капа и маичка која ќе ги штити од сонцето и за нив треба да се употребуваат креми со цинк и титаниум бидејќи тие нанесуваат најмала штета.
Восрасните пак, треба да нанесат крема за сончање 15-30 минути пред да излезат на сонце. При изборот на заштитен фактор, секогаш избирајте од 25 па нагоре, бидејќи помалите фактори воопшто нема да ве заштитат од штетните УВ зраци.
Покрај изборот на заштитен фактор, изберете крема која содржи антиоксиданти кои ќе го спречат штетното делување на честичките од слободните радикали.
Извор: 24sata.hr
Крај