Не сум мајка каква што мислев дека ќе бидам, но среќна сум!
Не сум секогаш подготвен родител и не можам да ја предвидам секоја ситуација како што мислев порано пред да имам деца, но избирам среќа наместо грижа и прекорување.
Еве една сцена: Мојата колешка од работа сакаше да ги запознае моите деца, на возраст од 3 и 5 години, па се договоривме да излеземе заедно во паркот. По кратко време, одлучивме да направиме пауза и да седнеме во блиското кафуле, но моите деца не сакаа да седат таму. Наместо тоа, тие трчаа наоколу. Трчам зад нив и речиси без здив викам: “Чекајте, чекајте ја мама”, додека тие трчаат во и надвор од толпата луѓе. Тие продолжуваат да ме игнорираат, трчајќи и криејќи се наоколу и секако забавувајќи се, бидејќи знаат дека навистина не се наоѓаат во било каква смртна опасност.
Пред да добијам деца мислев дека ќе биде вака: Јас ќе викнам – ”Ајде, доста е”! И тие ќе дојдат кај мене и ќе престанат со лудориите. Барем така беше кога јас бев дете и кога моите родители ќе кажеа нешто – тоа се почитуваше без приговори! Мислев дека ќе бидам родител кој нема да дозволи (и да трпи!) викање, трчање, потенцијално удрени и крвави коленици и непослушност.
Но, родителот што навистина сум, ги игнорира погледите со неверување и осудување од непознатите луѓе околу нас. Родителот што сум, им дозволува на децата да трчаат додека не се уморат.
Одеднаш се свестувам дека не сум сама и дека мојата колешка, чие дете мирно седи на својот стол е сведок на овој настан. Чувствувам срам и во главата смислувам извинување додека одам кон неа. Но, таа проговорува пред јас да успеам да кажам нешто: ”О, Боже твоите деца се неверојатни”! Ова е навистина комплимент бидејќи доаѓа токму од неа. Таа се смее и се разнежнува на случката на која сведочеше: ”Немој да го отфрлаш времето за радост и смеа и никогаш немој да се сомневаш во твоите инстинкти и постапки само затоа што тие не се совпаѓаат со она што другите луѓе мислат дека е правилно”.
Гледам во нејзиниот ранец со бели листови хартија, фломастери и мрсни боички. Мислев дека ќе бидам таков родител, некој што има план за секоја ситуација. Но, не сум! Јас сум поинаков родител и тоа е во ред, бидејќи сум среќна со моите деца.
Крај