Шокантна причина зошто не треба да го полните телефонот преку ноќ
Голем број од нас, повеќето ноќи последното нешто што го прават пред спиење, е вклучување на телефонот на полнач. Ако и вие сте дел од оваа група, тогаш треба да знаете дека батеријата на вашиот телефон нема да трае цел ден. Сепак, колку и да ви изгледа практично да го полните телефонот преку ноќ всушност тоа може да ја уништи неговата батерија.
Според експертите за технологија, полнењето на телефонот преку ноќ делува негативно на долг рок на капацитетот на траење на батеријата, отколку ако го полните само неколку часа секој ден.
Ако размислите за тоа, полнењето на телефонот додека спиете значи дека телефонот е на полнач 3-4 месеци во годината. Иако производителите се трудат најдобро да го покријат ова сценарио, овој процес неизбежно го намалува капацитетот на батеријата на вашиот телефон.
Добрата вест е дека не можете да го наполните вашиот телефон повеќе отколку што е потребно. Откако батерија ќе се наполни 100%, хардверот внатре го исклучува полнењето. Полначите со добар квалитет, исто така, имаат заштитни чипови кои го спречуваат полначот да ослободи повеќе енергија отколку што е потребно.
Сепак, она што ја убива батеријата е “постојаното полнење”. Тоа се случува ако го полните телефонот преку ноќ: вашиот полнач се исклучува кога батеријата на телефонот достигнува 100%, но полначот го надминува полнењето во текот на ноќта. Значи вашиот телефон постојано се префрла помеѓу 100% и малку помалку со што не може постојано да го задржи нивото на максимално наполнета батерија.
Можеби нема веднаш да ја видите штетата од батеријата, но сигурно ќе ги забележите ефектите од ваквото полнење за околу две до три години. Ако земате нов телефон почесто, одлично – во спротивно, батеријата што нема да издржи ниту еден ден, навистина ќе ви претставува проблем.
Еве што советуваат експертите:
- Немојте да чекате батеријата да се приближи до 0% за да го вклучите телефонот на полнач.
- Откако батеријата ќе се спушти до 35% или 40%, приклучете го телефонот на полнач, бидејќи целосните полнења побрзо ја уништуваат вашата батерија.
- Не дозволувајте телефонот дополнително да се загрева додека се полни, бидејќи топлината ги оштетува телефоните. Затоа, извадете го од футролата додека се полни и не ставајте го под вашата перница или покривката.
Крај