10 работи кои не треба да ги правите во авион
Секој лет може да биде стресен. Она што е нормално на земјата е апсолутно различно и може да биде непријатно во воздухот. Затоа за да ви биде патувањето лесно и пријатно, не треба да ги правите овие работи:
Не носете контактни леќи
Контактните леќи обично ги прават очите суви. Во комбинација со сувиот воздух во авионот, ова носи прилично непријатни резултати. Затоа е подобро да носите очила.
Обидете се да го намалите притисокот во ушите
Поради разликата во притисокот при полетувањето и слетувањето, нормално е ушите да се затнат. Првиот импулс на секоја личност е да ги отне ушите. Можеби нема да успеете целосно да ги отнете ушите, но можете да го минимизирате непријатно чувство на неколку начини:
- Возрасните може да користат бонбони или мастика за џвакање, додека шише со вода може да им помогне на децата.
- Затворете ја и отворете ја устата неколку пати и повторувајте го ова одвреме-навреме.
- Вдишете, потоа затворете го носот со прстите и издишете како да сакате да го турнете воздухот низ ушите.
Не качувајте се во авион со затнат нос
Затнатиот нос им додава дополнителен притисок на ушите и тоа може да доведе до траума. Се разбира, никој не ве принудува да останете дома само затоа што сте настинати, но во вакви случаи треба да имате капки или спреј за нос кои ќе можете да ги користите пред полетувањето и по слетувањето.
Сепак, синузитисот особено максилитисот се премногу сериозни за патувања во воздух. Ако не можете да го откажете летот, сигурно треба да се консултирате со лекар.
Не седете неподвижно
За време на летот, циркулацијата на крвта е побавна а седењето само во една положба го зголемува ризикот од тромбоза. Затоа за да го избегнете тоа, треба да следите неколку едноставни правила :
- Станете и прошетајте околу кабината (практикувајте го ова барем неколку пати за време на летот).
- Носете облека што нема да ви ги ограничи движењата.
- Разлабавете ги чевлите за време на летот.
- Одвреме-навреме направете некоја вежба. Доволно е само да се кренете на прстите и да се спуштите надолу неколку пати.
Не консумирајте газирани пијалаци
Подуеноста во стомакот и гасовите се уште еден резултат на промените во притисокот и тоа може да биде доста непријатно. Газираните пијалаци го стимулираат овој процес и затоа не треба да јадете или да пиете производи кои ја зголемувааат надуеноста.
Не претерувајте со алкохолот
Ова правило постои од неколку причини: прво, воздухот во авионот е навистина сув и ја интензивира дехидрацијата. Второ, алкохолот го ослабува движењето на кислородот во крвта, што доведува до апатија и поспаност. Исто така, постои мислење дека луѓето за време на летот можат да се испијанат побрзо од вообичаено.
Не допирајте ги прозорите и предметите околу вас без причина
Авионот е “легло” на бактерии. Претходните патници можеле да остават било што во џебовите на седиштата и на таблите. Санитацијата не се одвива по секој лет, така што сите бактерии лесно можат да мигрираат во вашите раце. Не допирајте ништо прекумерно и секако носете со себе марамчиња или средство за дезинфекција.
Не користите телефонски уреди за време на полетувањето
Не обидувајте се да објавувате слики додека сте во воздухот, бидејќи е премногу е опасно! Како што знаете, полетувањето и слетувањето се најтешките фази на летот. Сигналот на вашиот уред може да предизвика пречки во радио комуникацијата и системот за навигација, а пилотот може да не слушне информации што ги пренесува контролорот на сообраќајот.
Неколку вклучени телефони сигурно нема да го срушат авионот, но ако сите активно ги користат нивните уреди, тоа ќе биде забележливо. Впрочем, потребни се само неколку секунди за да го префрлите телефонот во режим на летање.
Не користете ги слушалките од авионот
Слушалките што ви ги даваат во авионот не се нови и покрај фактот што тие секогаш се спакувани во мала пластична кеса. Помеѓу летовите, користените слушалки се чистат и се препакуваат, но тешко е да се исчистат правилно. Дури и по третманот, тие не се толку безбедни и чисти за употреба. Затоа е подобро да користите сопствени слушалки.
Не седете боси во авион
Можеби звучи примамливо да ги соблечете чевлите за време на долгиот лет за да ги одморите стапалата, но ова дефинитивно не е добра идеја. Не само што е нехигиенски да ги изложувате нозете на нечистите подови и потенцијално да добиете некаква бактерија, туку едноставно е непријатно и некултурно поради другите патници.
Крај