Не ве привлекуваат згодни фраери? Можеби сте сапиосексуалка…
Висок, црн и згоден се често зборови со кои жените го опишуваат својот маж од соништата, но за некои жени тоа не значи апсолутно ништо. Нив ги привлекува нешто друго, што е поважно подоцна во врската…
Веќе подолго време низ поп културата и медиумите се провлекува зборот сапиосексуалец, поим кој ги опишува луѓето кои не ги привлекуваат физичките карактеристики, туку нешто сосема друго – интелегенција.
Gilles Gignac, професор по психологија на Универзитет во Западна Австралија спровел истражување во кое вклучил 383 студенти. Им поделил прашалник со низа прашања чија цел била да се утврди дали ги привлекува сексуално и до кој степен, интелектот кај нивниот потенцијален партнер. Во прашалникот ставил и неколку можни атрактивни особини на идниот партнер – физички изглед, способности и карактеристики кои вообичаено ги привлекуваат луѓето.
Откривме дека сапиосексуалноста може да се мери психометриски и дека 1 до 8 % од релативно младите луѓе (помеѓу 18 до 35 години) се веројатно сапиосексуалци. Уште едно интересно откритие е дека самата интелегенција на лицата кои ги привлекува интелектот на потенцијалниот партнер, не мора да биде висока – тврди Gignac за PsyPost.
Овој прашалник покажал дека интелегенцијата е втора по ред најчесто посакувана особина кај потенцијалниот партнер, веднаш по љубезноста и разбирањето, а трета по ред е опуштеноста.
Луѓето со висок коефициент на интелегенција генерално се попривлечни, но и тоа има граница – превисоката интелегенција не е толку посакувана. Со други зборови, поголемиот дел од луѓето ги привлекуваат луѓе кои се нешто поинтелегентни од просекот, со IQ 120 (кој е повисок од коефициентот на интелегенција кај 90% од популацијата). Но, оние натпросечно интелегентните (со 120-135 коефициент на интелегенција) не се толку привлечни.
Мажите ги привлекуваат жени кои се поинтелегентни од нив бидејќи им се предизвик. Сепак доколку се работи за секојдневен живот, тие побрзо ќе ги изберат оние кои се помалку интелегентни од нив самите.
Истражувачи од повеќе американски универзитети направиле неколку истражувања засновани на 105 мажи кои одговарале на прашањата за атрактивноста на поедини жени. Но, прво им ги покажале резултатите на жените по англиски или математика, кои биле подобри од нивните. Се покажало дека попривлечни им биле оние кои биле попаметни од нив, но ако се со нив на одредено психичко растојание, т.е. кога ги набљудуваат од далеку. Но, ако се работи за жена со која се во близок однос, тогаш таа што е попаметна не им е толку привлечна, бидејќи се чувствуваат загрозени. Таквата жена ја доживуваат како закана и покрај неа се чувствуваат помалку мажествено.
Извор: 24sata.hr
Крај