Престанете да верувате во овие невистини за доењето
Доењето е нешто најприродно на светот. Но, не значи дека жените природно ќе знаат што да прават. Жената треба да научи за правилната техника на доење, уште во текот на бременоста. Тука се секако советите на пријателките, сосетките и ‘’поискусните’’ роднини кои сигурно уште повеќе ќе ве збунат и ќе ви изнакажат еден куп невистини.
Па, ние ви ги даваме најголемите митови за доењето:
Ќе добиете млеко 3 дена после породувањето
Кај повеќе од 25% од мајките, потребни се повеќе од 3 дена за забележлително производство на млеко. Колострумот, богат со хранливи состојки, кој ги спречува болестите е присутен во градите од средината на бременоста. Но, бидејќи најверојатно не можете да го видите и не доаѓа до израз така лесно, може да почувствувате дека вашето бебе речиси и не добива ништо од вас. Но, не грижете се! Во првите неколку дена, овие неколку капки се најверојатно сѐ што малите стомачиња можат да примат – и сѐ што им треба.
Доењето ви помага да изгубите тежина
Ова колку е точно толку е и неточно! Иако можеби кога ќе ги погледнете славните личности со неверојатни тела и тенка половина, мислите дека тоа се должи на доењето, всушност вистината е дека доејќи можете да добиете и 10 килограми повеќе. Точно е дека со доењето согорувате 300 до 500 калории дневно, но исто така ќе треба да јадете повеќе за да надоместите.
Ако не го доите бебето, ќе има послаб имунитет и помала интелигенција
Докажано е дека доењето има влијание на когнитивниот развој, но истражувањата исто така покажале дека нема нинакво влијание врз интелeгенцијата. И додека може да ги заштити бебињата од болести во периодот додека тие се хранат со мајчино млеко, ќе ви бидат потребни многу часови за да спречите инфекција на увото. Доењето може да помогне, но и хранењето со вештачко млеко сигурно нема да направи никаква штета.
Ако бебето го храните со шише, нема да се поврзете целосно
Ова е најголемата глупост! Постојат многу други начини на поврзување: од контакт очи со очи, кожа со кожа, милување до поврзување додека го храните бебето со шишенце.
Градите ќе ви станат огромни
Без разлика што ви кажуваат сите останати, градите можат да се зголемат само за еден број. А мислењето дека големината на градите е поврзана со количината на млеко, воопшто не е точно.
Доењето е болно за мајката
Во ред, можеби првите 10-15 секунди. Но, ако постојано чувствувате болка и непријатност тогаш нешто не правите како што треба. Консултирајте со вашиот доктор доколку доењето ви е болно.
Крај