Не загрозувајте ја приватноста на вашите деца
Наместо да им “чепкате” по телефонот, попаметно е само суптилно да ги предупредите дека не сакате да ја изневерат вашата доверба, а во краен случај читајте пораки дури тогаш кога се сомневате дека прават нешто неисправно и опасно.
Секое дете сигурно крие нешто од родителите. Но навистина е погрешно возрасните секогаш да глумат “детективи” и да не им дозволуваат на децата да задржат барем трошка приватност. Така всушност се создава меѓусебна недоверба, иако родителите одбиваат да ја признаат својата грешка.
Експертите предупредуваат дека децата имаат право да не дозволат да им се чита секоја порака која ја напишале и да им се прислушкува секој разговор со врсниците. Наместо да им “чепкате” по телефонот, попаметно е само суптилно да ги предупредите дека не сакате да ја изневерат вашата доверба, а да им читате пораки дури тогаш кога се сомневате дека прават нешто неисправно и опасно.
Доколку тинејџерот направи некоја грешка, погрешно е да го навредувате во друштво, пред сите. Почекајте да останете сами па кажете му во четири очи зошто не смеел тоа да го направи и какви последици го чекаат.
Немојте да го исмевате ако ви изнесе некој проблем, туку убедете го дека е подобро секогаш да ви се обраќа вам кога му е потребна помош. Ако веќе претпоставувате што го мачи, преправајте се дека не сте знаеле додека тој не ви објасне за што се работи.
Извор: novosti.rs
Крај