Вашиот неделен хороскоп: 06-12 Август
Прочитајте што пишува за вашиот знак за да дознаете какво влијание има хороскопот врз вашиот живот оваа недела!
ЛАВ
Бидете малку внимателни во борбата за моќ оваа недела. Се разбира, вие сте неверојатни и брилијантни и знаете каде да го купите најдобриот сладолед (за разлика од оној со вештачки ароми!). Но, има уште многу други работи за кои можете да ја искористите вашата интелегенција. Па затоа, дозволете им на пријателите да учествуваат во донесувањето одлуки оваа недела. Прославете го вашиот добар вкус со тоа што ќе им го дадете нив одвреме навреме – и сигурно не би фрлиле топка сладолед од јагода, па дури и да е со вештачки ароми.
ДЕВИЦА
Доаѓаме со тебе во спа центарот! Навистина се префорсиравте со работа и верувајте таа се уште ќе биде тука дури и ако земете ден, два не само за да се наспиете туку и за да се разгалите себеси малку. Признајте: третман за сензорна депривација звучи одлично во овој момент. Закажете термин. Ќе бидете среќни за тоа.
ВАГА
Кога универзумот ве повикува да се социјализирате, треба да одговорите нели? Вагите обожаваат забави и добар разговор. Како и да е, се чини дека оваа недела сите сакаат да се дружат: вашата сестра сака да оди на вечера, вашето друштво сака да се соберете за појадок, вашата стара цимерка е во градот и сака да проба некој десерт и бендот на свршеникот на вашата колешка со мистериозниот тапанар има свирка овој петок. Само внимавајте да не сте пребукирани за да не го пропуштите забавниот состанок со претходно спомнатиот тапанар.
ШКОРПИЈА
Водете се од вашите амбиции, бидејќи може да ви се посреќи оваа недела. Секако, може да биде малку застрашувачки да му испратите еден “ладен” емаил на маркетинг менаџерот кој го запознавте на претходниот настан, но ако ја следите најдобрата пракса за да поканете некој на кафе (запомнете дека треба да бидете спремни за тоа зошто сакате да се запознаете и имајте го подготвено вашето резиме/CV/портфолио/вебсајт/ритмичка гимнастика), ќе воспоставите врска која може да ве однесе некаде понапред во кариерата. Еј, разбудете се. Нема повеќе соништа за вашиот иден успех, се додека не ги поставите темелите. И прочитајте го наназад тоа што го напишавте, пред да го испратите. Верувајте ни!
СТРЕЛЕЦ
Ако заминувате на долг пат, било да е за работа или за задоволство (или за двете!) оваа недела не пакувајте се набрзина. Секако, можеби мислите дека сте експерти во пакување за помалку од еден час, но сигурно не сакате да се најдете заглавени на аеродром уште еден ден без доволно парчиња долна облека. Не се правете херој. Спакувајте екстра долна облека (Заблагодарете ни се подоцна).
ЈАРЕЦ
Вие сте практични и сигурно во моментов размислувате: Каков е мојот финансиски изглед за втората половина од годинава? Без разлика каква е вашата инвестициска стратегија (можеби да дозволите да трупаат пари на вашата трансакциска сметка или да собирате монети во стаклена тегла…), време е да се стремите кон неа – пејте и на вашата штедна книшка како да е растение на кое му е потребен кислород и осигурајте се дека сите ваши пари се во режим на висок раст (вашата природна состојба).
ВОДОЛИЈА
Каква недела за вас! Вие и вашата значајна друга половина се подготвувате за некаква поголема обврска (ако планирате веридба, ве повикуваме тоа да го направите сега!). Развеселете се: Ќе бидете среќни со избраниот партнер.
РИБИ
Бевте принудени да опстојувате на работа со проекти кои никнуваат еден по друг како од некоја видео игра. Оваа недела конечно ќе го почувстувате летното успорување кое ви беше ветено. Тоа значи дека оваа недела треба да ја искористите за да уживате во некоја екскурзија на топлото време, но исто така подразбира и да “потскокнете на неколку хулахопи” за да привлечете внимание.
ОВЕН
Вие се чувствувате навистина заљубено, па ако сте во врска воздигнете ја романсата. Овните обожаваат да освојуваат љубов и ќе бидете во елемент шармирајќи ја вашата друга значајна половина со цвеќиња, чоколади, бла бла бла – тие звучат досадно нели? Оваа недела ве повикува на дополнителен флерт. Погледнете околу себе: светот е вашиот афродизијак.
БИК
Оваа недела вие сте божица на домаќинството. Засукајте ги ракавите и направете ја таа луто зачинета супа од моркови и лимета по која сите лудуваат и поканете неколку ваши блиски пријатели да наминат на вечера.
БЛИЗНАЦИ
Зборливи како и секогаш, вашата духовитост разгорува оваа недела. Бидејќи секогаш поседувате воодушевувачка дарба за зборување, искористете ја овој пат за добри цели помагајќи и на вашата сестра во преговорите со сопственикот на станот, или советувајте го вашиот пријател како да го состави деликатиот текст за извинување. Без разлика што и да е проблемот, вие сте божествена самовила на добрите зборови оваа недела.
РАК
Главните личности на работа пишуваат забелешки дека навистина напредувате и растурате со вашите способности ова лето. Наострете ги канџите и ставете се себеси во распоредот на вашиот менаџер: Барајте покачување на платата! Немојте да бидете изненадени ако “покачувањето” е всушност унапредување во работната позиција. Не паѓајте на таквите трикови за подобра позиција-иста плата. Борете се за вашите цели, вреди за тоа.
Крај