Она што нам ни дозволуваа, ние никогаш нема да им го дозволиме на нашите деца
Сакате да се вратите во минатото? Само сетете се на вашето детство: пред Instagram и Facebook, кога безгрижно шетавте низ маалото без придружба на родител или возевте велосипед без кацига и штитници, кога гледавте телевизија со часови и јадевте ГМО храна во изболство. Сите ние ги правевме овие и многу други работи, а нашите родители ни дозволуваа да го правиме сето тоа без никаков проблем.
Но, денес кога станува збор за нашите деца ние едноставно одбиваме да им дозволиме да уживаат во работите во кои ние уживавме безгранично. Овие работи ние никогаш нема да им ги дозволиме на нашите деца:
Да пијат газирани сокови со оброкот.
Да гледаат телевизија од моментот кога ќе се вратат од училиште, па се до времето за спиење.
Да возат велосипед или да скијаат без кацига.
Да пишуваат писмо до непознато другарче во кое ќе ги наведат името и адресата на живеење.
Да играат сами во близина на езеро или река.
Да седат на рачките од велосипед, кој некој друг го вози.
Да јадат бургери и тостови секој ден.
Да пијат од исто шише или да јадат ист сладолед со другарчето.
Крај