Необични факти за близнаците кои сигурно не ги знаевте
Ако прашате било кој близнак какво е чувството да се има природен клон, тие ќе ви кажат дека е најдоброто нешто! Но, да се биде близнак е многу повеќе од само споделување на тајни и повремено менување на часовите во средно училиште.
Еве неколку интересни факти за близнаците:
Идентичните близници имаат различни отпечатоци
Идентичните близнаци се нарекуваат “идентични”, бидејќи тие се токму такви. Идентичните близнаци се клонови на природата и ја делат истата ДНК. Сепак, дури и ако нивните лица изгледаат исто, тие имаат различни отпечатоци од прстите.
Еднојајчани и двојајчани близнаци се две сосема различни работи
Еднојајчани близнаци настануваат кога една веќе оплодена јајце-клетка ќе се подели на два идентични делови и секој дел понатаму ќе се развива самостојно. Тогаш се раѓаат две деца кои имаат ист пол и имаат идентичен генетски материјал.
Двојајчани близнаци настануваат од две одвоени поединечно оплодени јајце-клетки. Можат да бидат од ист или од различен пол, а генетскиот материјал им е сличен колку и кај кој било пар браќа и сестри.
Понекогаш едниот близнак може да исчезне
Едно од најчудните нешта што може да се случи за време на бременост со близнаци е феномен што се нарекува фетална ресорпција, или она што експертите го нарекуваат ” синдром на исчезнат близнак”. Ова ја опишува ситуацијата во која мајката оди на ултразвук и дознава дека има близнаци, а потоа се враќа подоцна за да открие дека еден од близнаците исчезнал и сега ќе има само едно бебе.
Како е ова можно? – Американската асоцијација за бременост нуди веродостојно објаснување дека еден близнак умира за време на раните фази на бременоста, често од хромозомски абнормалности. Остатокот на феталното ткиво се апсорбира од страна на живиот близнак, што прави да изгледа како другиот близнак да исчезнал. Се проценува дека ова се случува кај 21-30 % од мултифеталните бремености.
Близнаците кои се разделени по раѓањето, често водат бизарно слични животи
Близнаците кои се раздвоени при раѓањето, целосно несвесни за постоењето на другиот, честопати водат бизарно идентични животи како возрасни.
Еден пар на одделени близнаци кои конечно се споиле во своите 30-ти, биле изненадени кога откриле дека тие биле писатели со многу слични политички ставови и филмски вкусови. Двајцата страдале од нарушувања во исхраната како тинејџери, ги уредувале своите училишни весници и студирале филм.
Генот за близнаци го носи мајката, а не таткото
Значи ако сте жени и ако вашата мајка или баба имале двојајчани близнаци, голема е веројатноста и вие да имате. Генот за близнаци е во овулацијата и се пренесува само од мајка на ќерка.
Па, ако сте машки близнак и сакате да имате свои близнаци, ќе треба да најдете жена која го носи тој ген или оставете на природниот тек, бидејќи еднојајчаните близнаци можат да се појават и кога најмалку очекувате.
Крај