Контактот со луѓе и мајчиниот јазик се неопходни за нормален развој на децата!
Сигурно на секој му се случило, да му даде на своето мало дете мобилен телефон или таблет да се занимава, со цел да биде мирно некое време. И тогаш постепено тоа почнува да преминува во навика… Експертите предупредуваат дека овој “тренд” може драстично да го забави развојот на говорот кај малите деца.
Паметните мобилни телефони и таблети кои им се даваат на малите деца се една од причините поради која децата сѐ покасно почнуваат да зборуваат, стануваат сѐ повеќе мрзеливи и незаинтересирани за околината. Така доаѓаме до ситуација да имаме армија од деца која со две или три години не изговараат ни мама ни тато или дури толку се повлекуваат во својот свет што можат да делуваат како да се аутистични, истакнуваат експертите.
“Ерата на модерна технологија, покрај развојот на технолошките комуникации, доведе и друг несовршен вид на комуникација која не е својствена за човекот како социјално суштество. Човекот стана само нем набљудувач. Кога целиот овој процес ќе го примениме на мало дете, покрај “модерната храна”, “модерното работно време”, “модерното растење” добиваме потомство кое е во секакво општо каснење според некои порано поставени норми”, предупредува логопедот Неда Милошевиќ.
Таа додава дека на децата многу често им се дава содржина на англиски јазик, што повторно е на нивна штета. “Детето кое сѐ уште не го совладало својот мајчин јазик не се препорачува да слуша содржини на странски јазик.”Затоа денес имаме армија од деца која со две или три години не изговараат ни мамо ни тато, но знаат да бројат или да ги изговорат боите на англиски јазик кој најчесто опсесивно го повторуваат, а не го разбираат”, објаснува Милошевиќ.
Лице в лице, не со клик или преку екран на допир
Според зборовите на логопедот, како последица изоставено е учењето на двонасочна комуникација, односно таквите деца не умејат, односно не се научени да иницираат комуникација на адекватен, вербален начин.
Голем е спектарот на начините на комуникација кои се развиваат пред појава на говорот, а кои можат да се развиваат исклучиво во жива, двонасочна комуникација – лице в лице, не со клик или преку екран на допир.
Децата се однесуваат како аутистични
Психотерапевтот Зоран Миливојевиќ смета дека игрите и сите содржини кои се наменети за мали деца се добро психолошки осмислени. Детето добива задоволство, сѐ е полно со шарени бои. Добиваат дури и награда доколку играат некои игри, бидејќи преминуваат на следно ниво. “Од една страна имаат такви игри, тој некој свет кој им причинува задоволство, а од друга страна имаат реален свет кој не им е интересен. Бидејќи им е досаден, тие и така мали, едвај чекаат да се вратат на таблетот, да ги гледаат тие содржини кои им причинуваат задоволство. Поради таа незаинтересираност за надворешниот свет, децата почнуваат да се однесуваат како да се аутистични” – предупредува Миливојевиќ..
За најмладите, само неколку минути дневно
Како што кажува логопедот, модерниот начин на живот го осудува семејството на своето дете од осум месеци старост да му го нуди телефонот или таблетот како стимулативно и забавно средство, секојдневно и по повеќе часови. Сепак модерната технологија е реалност, присутна е насекаде и е неизбежна, затоа од тоа треба да се извлече корист.
“Постојат содржини кои се корисни и кои можат благодетно да влијаат на развојот на говорот и јазикот, но се разбира во соодветна мера и исклучиво на јазикот од опкружувањето. Таквите содржини не треба да се нудат повеќе од неколку минути дневно и секако треба да се избираат оние кои се квалитетни и прилагодени според возраста. За постарите деца користењето на таблет или мобилен телефон треба да се ограничи на половина час дневно, советува логопедот Неда Милошевиќ.
Извор: stil.kurir.rs
Крај