Ве молам не го допирајте моето бебе! – И други непријатни ситуации со кои се соочуваат мајките
Колку пати сте се нашле во вакава ситуација: вие сте со вашето бебе и се појавува рака на некој за вас странец, кој очајно сака да ги погали образите или носето на вашето новороденче со рака што веројатно не е измиена. Па, не сте единствените ако сметате дека сте заробени помеѓу мајчинскиот инстинкт и желбата да бидете љубезни.
За жал ова не е единствената непријатна ситуација во која ќе се препознае секоја нова мајка. Во прилог прочитајте како да се справите со различните ситуации.
Ситуација: Вашата пријателка доаѓа да го види бебето и сака да го допре без да ги измие рацете.
За да ја минимизирате непријатноста, најдобро е да зборувате пред да го допрат бебето наместо подоцна откако веќе ќе го држат во раце. Кога ќе стигнат во вашиот дом, едноставно кажете: “Ова го правиме со секого само за да ги контролираме бактериите, дали ќе сакаш да ги соблечеш чевлите и да ги измиеш рацете?” Ако го кажете вашиот став веднаш на почетокот, ќе биде многу полесно за сите.
Ситуација: Излезени сте со вашето бебе и непозната личност се наведнува да го допре вашето бебе.
Ова е многу потешка ситуација за справување, особено ако сакате да бидете љубезни. Наместо да плачете и да викате: “Не го допирајте моето бебе!”, едноставно свртете се на друга страна додека се обидуваат да го допрат бебето и кажете им: “Всушност, денес не ни е ден за прегратки и бакнежи. Можеби друг ден!” Се разбира, вашиот прв приоритет е да бидете безбедни и паметни.
Ситуација: Треба да смените пелена во јавност.
Секоја мајка која менува пелени знае дека не може да се предвиди кога детето ќе ја извалка пелената и ќе биде потребно да се замени со нова. Доколку ова се случи во јавност, најдобро е да одлучите за локацијата за промена на пелената врз основа на потенцијалот за хаос. Ако постои шанса да уништите нешто што не е ваше, на местото кадешто се наоѓате, побарајте друго место. Секогаш можете да побарате тоалет од ресторан или кафуле. Ова нема никаква врска со срамот, станува збор за избегнување на можноста да се уништат работи кои не се во ваша сопственост.
Ситуација: Вашето бебе спие и потребно ви е останатите да бидат тивки.
Никогаш не е во ред да ги замолчувате луѓето што сте ги поканиле во вашиот дом. Ниту пак е лесно да организирате вечера или дружба кога вашето бебе се буди и најмал звук. Затоа е најдобро, кога че пристигнат гостите да им каќете: “Сега кога сте тука, мораме да бидеме потивки.” Не значи дека кога ќе добиете бебе треба да престанете да се гледате со пријателите, но кажете им однапред дека некои работи се променети.
Крај