Направете вашиот дом да мириса неверојатно за неколку минути
Сите ние го сакаме мирисот на свежо чистен дом. Но, колку и да се чисти и проветрува, мирисот на храна од секојдневното готвење секогаш излегува во преден план.
Добрата вест е што постои совршен начин за да се справите со овој проблем, а притоа да не треба да користите спреј или освежувач за воздух.
Се што треба да направите е во тенџере со зовриена вода да ставите неколку состојки кои сигурно ги имате дома.
Подготовка:
Ставете 2 чаши вода во тенџере на оган. Откако водата ќе зоврие додадете 1 лимон исечен на тенки парчиња, 3 гранчиња рузмарин, 1 лажица екстракт од ванила и кора од портокал и оставете да се вари неколку минути. По потреба додадете и вода.
Крај