Неверојатни работи кои можат да се најдат низ пустините во светот
Кога се зборува за пустина, се мисли на нечистотија, песок, суша и веројатно животни што можат да нè убијат. Можеме дури и да прифатиме дека има некои навистина чудни растенија во пустините, но овие работи сигурно не очекуваме да ги најдеме таму:
Езерата во пустината Бадаин Јаран во Кина
Што е последното нешто што би очекувале да го најдете во пустината? – Вода, без сомнеж!
Пустината Бадаин Јаран има највисоки песочни дини во светот, во просек помеѓу 660 и 980 метри или достигнувајќи највисоко околу 1500 метри.
Полето на мегадуните исто така е дом на серија езера што никој не може да ги објасни. Научниците инсистираат на тоа дека тие навистина не можат да бидат таму, бидејќи нема реки што ги хранат, ниту врнежи што би ги надополнувале и ништо не објаснува зошто тие едноставно не исчезнуваат во сувата клима. Колку и да е чудно, сепак околу половина од езерата се со солена вода, додека другата половина се со слатка вода.
Продавница на Прада во Тексас
Очекувате да видите продавници на Прада во одредени елитни населби, но искрено голем дел од нас не можеме ни да си дозволиме да стапнеме внатре. Но, постои една продавница на Прада која е целосно во рамките на скромниот буџет и се наоѓа на автопатот 90 за Тексас. Продавницата била поставена како уметничка инсталација, веднаш после изградбата била напуштена, а првичниот план бил да се има биографски материјал кој е направен од бавно распаѓање со текот на времето. Но, бидејќи луѓето се такви какви што се, таа траела само три дена пред целосно да биде вандализирана.
Паркот на Исус во Калифорнија
Паркот “Пустински Исус” бил создаден речиси случајно во 1951 година, кога на скулпторот не му било дозволено да ја постави мермерната статуа на Исус на работ на Големиот Кањон. Во соработка со локалниот свештеник се создале цела група библиски сцени и статуи кои конечно пронашле дом во долината Јука, во Калифорнија.
Вештачки глечери во Индија
Еден локален инженер осмислил брилијантно решение, за правилно искористување на водата. Тој изградил глечер од водата што истекувала од планините. Системот ја усмерува водата во мали базени кои се замрзнуваат во слоеви мраз. За време на пролетните месеци, вештачките глечери се топат и им овозможуваат на малите пустински градови да го искористат овој важен ресурс. Идејата е толку генијална што се испитува дали може да се направи во поголеми размери за борба против влијанието на глобалното затоплување.
Масивна спирала во Египет
Гледано од сателит, во пустинските рамнини Ел Гуна во Египет ќе забележите чудна спирала која навидум се издигнува и се гравира во пејзажот. Таа опфаќа повеќе од милион квадратни метри пустина и колку што би сакале тоа да биде доказ за вонземјани, сепак не е. Тоа е уметничка инсталација наречена Пустински здив, и тоа е спирална шема направена од конуси од песок и дупки каде што песок е отстранет.
Оригиналниот дизајн имал езеро во центарот, но сега водата ја нема. Исто така и конусите се намалуваат и дупките се пополнуваат, но тоа е токму она што го имале на ум уметниците кога го изградиле во 1997 година. Тоа е признание за постојаното менување на природата на пустината и е потсетник дека ништо не трае вечно.
Крај