Компирот чисти дамки и помага за изгореници – ќе се изненадите за што сѐ можете да го употребите
Сите знаеме дека компирот може да се зготви на многу различни вкусни начини, но тоа не е сè! Овој зеленчук може да се користи за чистење на сребрени предмети, осветлување на пазувите, па дури и за различни третмани на вашата кожа.
Прочитајте ги неочекуваните ситуации каде компирот може да стане вашиот најдобар пријател.
Со компирот лесно можете да исчистите ‘рѓа
Металот лесно ‘рѓосува и тоа е сосема нормално, но прашањето е како да го отстраните од чешмата или од вашите тави за пржење. Изненадувачки, компирот може да ви помогне во тоа.
Пресечете го компирот на половина и извалкајте го пресечениот дел во сода бикарбона, сол или детергент за садови. Тријте го ‘рѓосаниот елемент со компирот додека не биде чист. Ако вашиот компир ги изгуби своите магични својства, само отсечете мал дел и повторете го процесот. Исплакнете го вашиот предмет со вода и оставете го да се исуши.
Помага за изгореници
Земете неколку компири, измијте ги темелно и пресечете ги на тенки парчиња, изрендајте ги или избледирајте ги за да добиете сочна паста. Употребете газа или памук за да ја прицврстите облогата на вашата кожа.
Нанесете ги парчињата (или пастата од компир) на погодената област, оставете 10 до 15 минути, извадете ја и измијте ја кожата со ладна вода.
Ако станува збор за изгореници од врела вода или слично, парчињата компир нема да ви помогнат. Во овој случај пастата или сокот од компири ќе заврши магична работа. Нежно нанесете ја пастата на изгореницата и оставете ја додека болката не исчезне. Може да потрае од 10 минути до неколку часа, па бидете трпеливи и сменете ја пастата кога ќе стане кафена.
Запомнете: колку побрзо ќе реагирате, толку подобар ќе биде резултатот.
Чисти тврдокорни дамки од различни ткаенини
Компирот може да ви помогне да ги отстраните дамките од различни ткаенини.
Измијте неколку компири и изрендајте ги во сад со 0,5 l вода. Потоа отстранете го ренданиот компир и додадете иста количина на вода. Почекајте 10-15 минути. Натопете сунѓер во водата од компир и истријте ја дамката, а потоа измијте со чиста ладна вода.
Ако рацете ви се обоени со бобинки, цвекло или друга храна, едноставно пресечете компир на половина и со него истријте ги рацете.
Ги чисти кожните чевли и ги прави сјајни
Кожните обувки изгледаат убаво и се удобни за носење. Но, сепак може да се изгребат или да го изгубат сјајот со текот на времето. Во овој случај, компирот може да ги направи како нови.
Исечете компир на половина и со него избришете ја целата површина на чевлите. Оставете ги 5 минути (во оваа фаза тие ќе изгледаат мат, но не грижете се, тоа е во ред). Потоа избришете ги чевлите со мека сува крпа додека повторно не се сјајни.
Ги чисти потемнетите сребрени предмети
Секој знае дека среброто потемнува и поцрнува со текот на времето. Тоа е природно, но што ако ги сакате вашите сјајни лажички назад? Па, еве што ви треба:
Исечете и сварете неколку компири. Откако ќе се сварат, тргнете ги настрана – ќе ви треба само водата. Ставете го вашето потемнето сребро во водата во која се вареле компирите и оставете го еден час. Откако ќе го извадите, темелно исчистете го со мека четка. Исплакнете ги предметите со чиста вода и оставете ги да се исушат или избришете ги со хартиена крпа.
Ги осветлува пазувите
Летото доаѓа и сите ние сакаме да изгледаме најдобро во маиците без ракави. Ако вашите пазуви се малку потемни, можете да го поправите тоа со компири. Но, не очекувајте брзи резултати, бидејќи сите домашни лекови бараат време.
Исечете и изблендирајте го компирот додека не се изедначи. Добиената каша ставете ја на вашите пазуви и оставете ја 10 минути. Исплакнете со ладна вода и исушете се со крпа. Оваа постапка можете да ја повторувате два пати на ден најмалку 4 недели за видливи резултати.
Лекува главоболка
Ах, тие ужасни главоболки! Ако сте уморни од постојано земање на различни лекови или ако повеќе сакате природни лекови, проверете го ова:
Измијте го и исечете го компирот на кругови. Ставете парчиња компир на челото и на слепоочниците и зацврстете ги со завој. Легнете, затворете ги очите и почекајте додека болката не исчезне.
Компирите ја чистат вашата кожа и ја прават сјајна
Можеби звучи чудно, но компирите се одлични за вашата кожа. Антиоксидантите, витаминот Ц и скробот што се наоѓаат во нив може да ја хидрираат кожата и да ја потхранат со потребните хранливи материи. Еве некои од придобивките:
- Ги отстранува темните кругови и ќеси под очите. – Земете 2 парчиња компир и ставете ги на вашите очи 10 до 15 минути. Потоа измијте го лицето со ладна вода.
- Ги отстранува акните. – Истријте ги акните со парче компир и оставете да отстои преку ноќ. Следното утро измијте го лицето како и вообичаено. Овој третман нема да ви помогне преку ноќ, па повторувајте го секој ден додека не добиете резултати.
- Ги чисти темните дамки од лицето. – Излупете го и изблендирајте го компирот додека не се изедначи. Нанесете ја пастата на лицето, со нежна масажа. Оставете ја 5 минути и исплакнете со ладна вода.
- Ја навлажнува кожата и се бори против брчки. – Изрендајте го компирот, додадете 1 лажица мед и 2 лажици маслиново масло. Нанесете ја смесата на лицето и оставете ја 10 минути, а потоа исплакнете со ладна вода.
Кажете им збогум на замаглените очила
Ако носите очила, знаете колку е иритирачки кога не можете испиете чаша топло кафе или да влезете во топла соба во зима без да бидете апсолутно заслепени неколку минути. Но не грижете се, компирите ќе ви го решат и овој проблем.
Едноставно, со парче компир истријте ги со стаклата и избришете го со мека сува крпа.
Извор: brightside
Крај