Експертите советуваат: никогаш не треба да го удирате детето!
Родителите имаат многу начини за дисциплинирање на своите деца. Некои родители претпочитаат да користат вербални методи, додека други сметаат дека повременото удирање нема да ги повреди нивните деца.
Истражувањата покажуваат дека удирањето е еден од неефективните начини на дисциплинирање. Секој удар (дури и најмалиот) има потенцијал негативно да влијае на когнитивните способности на децата, особено на тоа како го гледаат светот околу нив.
Не само што удирањето е неефикасен начин да се дисциплинира дете, туку може да ги има и следните негативни ефекти:
• Детето може да го земе како пример однесувањето на родителот и да удира други деца.
• Многу често, може да се развие анти-социјално однесување поради недостаток на самопочит и зголемени чувства на одбивање.
• Лутината може да се интернализира со повторливи испади.
• Децата ќе ја изразуваат лутината и гневот преку удирање, напаѓање и нанесување болка на другите.
• Гневот може да направи детето да биде емотивно одвоено и да не може да формира доверлив однос со другите – вклучувајќи ги и родителите. На многу деца и тинејџери може да им биде тешко да им се отворат на родителите за прашања од животот поради заканата да бидат казнети.
• Децата ќе го прават она што сметаат дека се очекува од нив, најчесто од страв дека ќе бидат казнети.
• Удирањето може да доведе до напади на анксиозност поради страв од неуспех. Удирањето е често поврзано со срам и ниска самодоверба.
Извор: scarymommy
Крај