Никогаш повеќе нема да пеглате облека: Домаќинките од Азија ви откриваат неверојатен трик!
Жените од нашите простори, но и ширум светот, поголемиот дел од домашните работи ги извршуваат онака како што тоа го правеле нивните мајки. Тоа е и логично – со оглед на фактот дека пораснале покрај нив и со години ги гледале како готват, чистат или пеглаат.
Но понекогаш не е лошо да слушнете по некој совет и од некоја друга земја, а во овој случај и од друг континент! Домаќинките од Азија откриле трик кој вреди злато, со кој веќе нема да морате да ја земете пеглата в раце!
Можеби ќе ви звучи нелогично, бидејќи првото нешто што повеќето луѓе прават пред туширање е тоа што ја изнесувааат чистата облека надвор од бањата за да не се “навлажни”.
Токму напротив – Азијатките штедат време, труд и пари баш на овој начин! Тие облеката која планираат да ја облечат ја земаат со себе во бањата и ја закачуваат на закачалка, а потоа се тушираат.
Причината за тоа не е брзината и достапноста на облеката штом излезете од кадата, туку тоа што пареата која настанува во бањата за време на туширањето потполно ја пегла вашата облека!
Сите линии на гардеробата кои ве издаваат дека сте биле мрзливи со пеглата, водената пареа за час ќе ги отстрани.
Пробајте, немате што да загубите!
Извор: stil.kurir.rs
Крај