Нов Гинисов рекорд – Индиец успеа да стави 459 цевки за пиење во својата уста
Многу Гинисови рекорди се уникатни и невообичаени, па и овој нов рекорд не е поразличен.
Manoj Kumar Maharana, кој потекнува од Индија го собори Гинисовиот рекорд кој никој не можеше да го надмине цели 8 години.
23-годишниот индиец го собори официјалниот рекорд за “Најмногу сламки пикнати во уста ” ставајќи одеднаш 459 цевки за пиење во својата уста. Гинис минатата недела го објави видеото во кое се гледа како Maharana става во устата неверојатно голем број цевки.
За правилно да го собори рекордот, Maharana морал да се осигура дека цевките ќе останат во неговата уста 10 секунди без да паднат. Тој не можел да ги користи рацете како поддршка во текот на тие 10 секунди, но можел да користи ластичиња за да ги држи цевките споени.
Maharana го собори рекордот на Simon Elmore кој успеа во својата уста да пикне само 400 цевки за пиење.
Сега веќе има нова легенда која го држи овој рекорд.
извор:mashable
Крај