Прв во изминативе 20 години: Нов лек за грип кој го забавува ширењето на вирусот
Со почетокот на сезоната на грипот во светот, америчката Агенција за храна и лекови (FDA) одобри нов лек за лекување од грип под генерички назив baloxavir marboxil, прв по последниве 20 години.
Станува збор за група лекови кои го забавуваат ширењето на вирусот помеѓу две клетки во телото, оневозможувајќи хемиска врска помеѓу вирусот и клетката-домаќин. Досега на пазарот биле понудени слични лекови под назив Tamiflu и Relenza. Нивната примена спречува појава на компликации како на пример воспаление на белите дробови и го забавува ширењето на грипот. Овој вид лекови во голем број случаи може да се користи и како превентивна терапија, пример кога сезонската вакцина против грип не обезбедува доволна заштита, како и во случај на пандемија.
Новиот лек Xofluza е наменет за лекување на грипот кај лица постари од 12 години кои имаат симптоми на оваа болест помалку од 48 часа, според изјавата на FDA и се додава дека ќе се пропишува една перорална доза по пациент, пишува Live Science.
– Станува збор за првиот нов антивирусен лек за лекување симптоми на грип одобрен во последниве 20 години. Со оглед на тоа дека секоја година од грип се заразуваат 10 000 луѓе, а кај голем број дополнително се јавуваат додатни компликации, често многу сериозни како на пример пневмонија, клучно е да постои безбедна и ефикасна алтернатива за лекување, а тоа го овозможува новиот лек под генерички назив baloxavir marboxil – известува комесарот на FDA др. Scott Gottlieb.
Одобрувањето е добиено после успешните резултати од две испитувања спроведени на повеќе од 1800 лица во чиј склоп учесниците добиле Xofluzu или плацебо, односно Xofluzu или некој друг антивирусен лек против грип.
Едното истражување покажало дека пациентите кои примале Xofluzu во текот на 48 часа после појавата на првите симптоми на грип, почетната фаза на болеста ја поминале многу побрзо во однос на оние кои добиле плацебо. Другото истражување покажало дека Xofluza делувал еднакво ефикасно како останатите антивирусни лекови за лекување на грип.
Лекот делува на начин што го инхибира ензимот наречен киселинска полимераза ендонуклеаза, потребен за вирусот да се размножува – стои во објаснувањето на фармацевтската компанија Roche, која го задржува правото на комерцијализација на лекот во повеќето земји. Лекот го развила јапонската компанија Shionogi & Co., Ltd.
Xofluza дејствува нешто поразлично од досега познатите лекови за лечење на грипот. Пример, антивирусниот лек Tamiflu (oseltamivir phosphate) делува на начин што ги блокира разните ензими потребни за реплицирање на вирусот, познати под називот вирусна неураминидаза. Станува збор за вид неураминидаза која се наоѓа на површината на вирусот и има клучна улога во размножувањетп на вирусот после неговото продирање во организмот.
Покрај тоа, Xofluza почнува да дејствува во порана фаза на процесот на размножување на вирусот, отколку Tamiflu. Испитаниците кои земале Tamiflu им биле потребни 72 часа за да го победат вирусот, а оние кои добивале плацебо 96 часа. Tamiflu го скратува природниот тек на болеста за еден ден ако се земе во првите 48 часа. Предноста на baloxavir marboxila е во тоа што перорално се зема само една доза, додека Tamiflu треба перорално да се зема десет пати. При земањето Xofluzа вирусот кај повеќето пациенти исчезнува во рок од 24 часа.
– Важно е да постојат повеќе опции за лекување на грипот кои различно делуваат на вирусите, бидејќи тие со тек на времето стануваат отпорни на антивирусните лекови – изјавила др. Debra Birnkrant директор на Одделот за антивирусни производи при FDA.
Др. Gottlieb истакнува дека Xofluza и останатите антивирусни лекови не се замена за вакцината против грип. Потсетува дека ваквите медикаменти се издаваат исклучиво на рецепт од доктор.
– Навремено вакцинирање е прв чекор во спречување и контрола на вирусот кој предизвикува грип – истакнува др. Gottlieb.
Сезоната на грип 2017./2018. Во светот беше единствена по епидемијата на вирусот B, прва таква епидемија после четврт век. Со оглед на тоа дека многу мал процент од населението се вакцинира против грип во меѓувреме не е изграден потребниот колективен имунитет.
Сезонскиот грип во просек годишно убива околу 650.000 луѓе. Доколку прерасне во сериозна пандемија, би можел да однесе милиони животи. Се проценува дека шпанскиот грип A H1N11918 заразил околу 500 милиони, од кои животот го загубиле 50-100 милиони лица.
Извор: 24sata.hr
Крај