Облека која расте со вашето дете
Шетате низ детските бутици и наоѓате симпатична јакна која ќе биде совршена за вашето дете или внуче. Но, додека се завртите таа веќе му е мала. Децата растат со неверојатна брзина, што доведува до многу трошоци за нова облека. Но, сега една компанија успева да го реши проблемот со нов облик на облека што може да порасне до неверојатни шест големини.
Petit Pli создаде облека која децата можат да ја носат од 4 месеци до 3 години. Изработена од ткаенина што се шири, облеката е отпорна на ветер и дожд, може да ја собере во вашиот џеп и што е најдобро може да се пере во машина.
Оваа облека можеби не е за секого, бидејќи постои елемент на научна фантастика во естетиката. Брендот сѐуште е во почетната фаза, што значи дека облеката сè уште не е достапна за купување и не се знае колку ќе чини.
Во секој случај, добро би било да не мораме да купуваме нова облека секои два месеци!
Извор: purewow
Крај