Еве што треба да облечете на прв состанок за да ја импресионирате девојката
Без разлика колку пати сте биле на прв состанок, кога треба повторно да одите, ќе се согласите дека секогаш чувствувате стрес пред сѐ поради тоа што не го знаете исходот и не знаете што да очекувате. Тоа е голем притисок за двајцата, а особено за мажите кои сакаат да го направат незаборавен. На крајот на краиштата, тоа би можело да биде вашата приказна што ќе треба постојано да ја кажувате на пријателите.
Има многу причини зошто треба да водите сметка за тоа што ќе облечете на првиот состанок, бидејќи облеката покажува дали и колку сте се потрудиле околу состанокот. Изборот на вистинска облека ќе ви даде самодоверба, правилен став и однесување. Она што можеби не го знаете е тоа што исто така може да ги потенцира вашите најдобри особини и да ве направи попривлечни.
Кои бои на облека се најпривлечни?
За сите нас бојата игра клучна улога во тоа како размислуваме, чувствуваме, купуваме, па дури и јадеме.
Во романтичниот свет, боите исто така значат компатибилност. Научниците потврдуваат дека хемијата и атракцијата често се поврзуваат со облеката што ја носите. И не треба да ве изненади фактот што токму црвената е на врвот на листата. Она што е најинтересно за оваа боја, е дека има уникатен ефект и врз мажите и врз жените. Доколку е носена од жените за мажите е синоним на страст и желба, но ако ја носат мажите – се повикува на статус, моќ и мажественост.
Затоа, ако се двоумите што да облечете за вашиот состанок, за да и го привлечете вниманието на девојката, а истовремено да се чувствувате заводливо и моќно, тогаш црвената боја е вистинскиот избор за вас! Но, внимавајте да не претерате – доволен е и само еден мал додаток во оваа боја!
А во продолжение ви даваме и неколку други избори со кои сигурно нема да погрешите:
Темно сива: црната боја е примамлива за носење бидејќи нуди флексибилност, но често изгледа премногу формално. Од друга страна, темно сивата боја е шик и е одлична замена за црната боја.
Сина “Navy”: Изберете ја оваа боја за непогрешлива комбинација и изглед, бидејќи одлично се вклопува речиси со секоја друга боја.
Дезени: Не плашете се да ги испробате различните дезени, кои се класични, но секогаш изгледаат уредно.
Опуштен состанок
Се однесува на опуштена активност за време на состанокот, а не дека треба да облечете тренерки! Ваквиот состанок може да биде на отворено и да вклучува пикник во паркот или прошетка по плажата. Во овој случај опуштено не значи дека треба да излезете облечени како за по дома. Наместо тоа, изберете поудобна верзија на викенд-облеката, на пр. фармерки.
Состанок во кафуле
Ова е највообичаениот состанок и најчесто се практикува доколку не ја познавате добро девојката со која излегувате. (Совет: прескокнете го кафето ако веќе сте се сретнале и се познавате добро!) За ваков тип на состанок изберете комбинација која претходно сте ја носеле и знаете дека во неа изгледате добро. Особено обрнете внимание на часовникот и паричникот и бидете сигурни дека добро се вклопуваат во целата комбинација бидејќи деталите се особено важни.
Состанок во ресторан
Кога одите на вечера, секогаш треба да носите јакна. Во зависност од ресторанот, изберете соодветна јакна. Спортско или класично, сакото е секогаш добар избор за ваков состанок. Едноставно комбинирајте го со темни фармерки или пантолони.
Состанок во кино
Кога одите во кино, кожната јакна е солиден избор. Можете да носите црна јакна со фармерки и кошула за безвременски изглед. Иако можеби мислите дека филмовите се одлична можност за да не се трудите премногу околу облеката, запомнете дека девојката сепак ќе обрне внимание на тоа што го носите додека влегувате во киното. Вашата јакна е одличен начин да го изразите стилот, бидејќи најверојатно ќе седите рамо до рамо.
Крај