Единствениот начин да го одговорите прашањето на интервју за работа “Која е вашата најголема слабост”
Прашањата на интервју за работа стануваат сѐ повеќе и повеќе апстрактни. Како дел од процесот на интервјуто, на денешните баратели на работа може да им биде побарано да опишат една вендинг машина на некој кој никогаш претходно не го виделе, или да испланираат замислен состанок со некоја позната историска личност.
Дури иако компанијата во која сте аплицирале сѐуште не успеала да ве притисне во текот на интервјуто, сепак во одреден момент ќе се соочите со едно од најчестите прашања со кои апликантите редовно се соочуваат: “Која е вашата најголема слабост?”
“Некои “експерти” ќе ви речат да се обидете да ја претворите предноста во слабост, за да изгледате добро,” пишува Justin Bariso. “Тој совет е за во ѓубре.”
“Размислете за тоа,” продолжува Bariso. “Луѓето што интервјуираат го поставуваат истото прашање на безброј кандидати. Само обидете се и погодите колку пати тие ќе ги слушнат одговорите од типот “Тоа што сум перфекционист” или тоа што работам премногу (Да ви помогнеме: премногу често ги слушаат).
Иако одговорот дека работите премногу напорно звучи како сигурен метод за да го продолжите разговорот, постои подобар начин. Тоа подразбира да бидете искрени.
“Факт е дека, не е лесно да се идентификуваат сопствените слабости,” пишува Bariso. “Тоа бара интензивна само-рефлексија, критичко размислување и способност да прифатите негативен фидбек – квалитети кои нагло исчезнаа во овој свет кој промовира моментално задоволување и бара брзи (често бесмислени) одговори на сериозни прашања.”
Bariso верува дека прашањето е ефективен начин да се открие самосвесноста на кандидатот, што е причина зошто често компаниите го користат во процесот на селекција. Со тоа што се самосвесни, луѓето (и вработените) можат да го поправат однесувањето кое може да влијае врз нивните перформанси на работното место. Па, клучот тука е да му дадеме на ова прашање вистинска смисла пред да биде поставено пред вас.
Која всушност е вашата најголема слабост? Може да биде, на пример во желбата да ги задоволите сите околу вас, ќе завршите со донесување одлуки кои се засновани на потребата да избегнете де не ги разочарате другите околу вас. Тоа е слабост која звучи автентично.
Размислувањето за ова прашање има исто така и друга корист: Ве поттикнува да размислувате за области во вашиот живот кои би можеле да користат некаква “корекција на курсот”. Дури и ако не ја добиете работата – или дури и ако прашањето никогаш не ви биде поставено – сепак сте посветиле време за саморефлексија. Резултатот може да придонесе да бидете посамоуверен и поспособен кандидат на следното интервју.