Дали сте одговорен сопственик на миленик?
За оние кои сакаат и имаат миленици, милениците се важен дел од нивниот живот. Но, понекогаш не сфаќаат како нивните миленици и нивното однесување како сопственици на миленик влијаат врз другите луѓе.
Еве што значи да се биде одговорен сопственик на миленик:
Го чисти изметот од својот миленик
Ова е задолжителна обврска на секој кој има миленик. Оставањето на изметот на улица или во паркот е крајно неодговорно. Никој не сака наоколу да гледа измет од миленици или уште полошо да згазне. Ако веќе сакате да го шетате вашиот миленик, бидете подготвени да го соберете и неговиот измет.
Игра и поминува време со миленикот
Домашниот миленик на многу начини е токму како дете, сака да се забавува и да биде активен. Ова е од клучно значење за среќата и здравјето на вашето домашно милениче. Исто како што вие чувствувате стрес и напнатост ако не вежбате или пешачите доволно и милениците реагираат на ист начин. Играњето со вашите миленици е одличен начин да го изградите нивното однесување.
Кастрација и стерилизација
Една од најважните работи што треба да се запамети кога станува збор за миленичиња е нивниот инстинкт да се размножуваат. Ова може да биде многу чувствително прашање за многу луѓе и има некои кои се противат на тоа, меѓутоа важно е да се разгледа оваа опција како дел од тоа да се биде одговорен сопственик на миленичиња. Со огромниот број на бездомни животни, обврската на сопствениците на миленичиња е да го контролираат нивното размножување. Важно е да се размисли за тоа што ќе се случи ако вашето куче или мачка очекува потомци и што би направиле со нив.
Го храни миленикот во редовни интервали
Важно е вашето милениче да го храните во редовни интервали со што би спречиле да оди на друго место да бара храна и потенцијално да им пречи на вашите соседи.
Крај